Суперкомпјутерот Nautilus на Компјутерскиот институт при Универзитетот во Илионис може да предвиди револуции според фактите и информациите кои се презентирани во вести од разни извори.
Истражувачот Калев Летару, кој го води проектот, презентиран во First Monday, вели дека собрал 100 милиони текстови кои биле прегледувани според расположение, односно дали текстовите се за добри или лоши вести преку зборовите како „застрашувачки“, „страшно“ или „добро“, и според локација каде се случуваат настаните и локацијат на тие што се вмешани во настанот.
Анализите кои ги правел г. Летару со Nautilis, машина со моќ од 8.2 терафлопи, прикажуваат графикон кој го покажува расположението на луѓето. Како пример е наведен Египет и доскорешниот претседател Мубарак за кого компјутерот прикажува нерасположение во моментите пред да се случи египетската револуција.
Суперкомпјутерот со анализа на вестите нуди подобра анализа од таа што ја има американската влада, вели г. Летарѕ BBC, бидејќи САД морале да имаат човек во Египет цели 30 години, па дури и пред револуцијата направија грешка нудејќи поддршка на Мубарак, иако според анализата „ако се погледне кривата ќе ни каже дека светот се стемнува брзо околу него што значи дека е неверојатно дека тој ќе опстанеше“.
Слична анализа има и за локацијата на Осама бин Ладен. Иако само во еден од бројните извештаи се споменува Аботабад каде беше убиен бин Ладен, прегледувајќи ги различните вестим компјутерот успеал да ја стесни локацијата околу бин Ладен во радиус од 200 километри.
Според г. Летару, анализите ќе треба уште да се подобруваат. „Никогаш не е перфектно, но е подобро од случајно нагаѓање.”
Медиумско покривање за Осама бин Ладен од 1979 до април 2011-та.