1 коментар 1 мин. читање

StumbleUpon со нов веб-базиран тулбар

{mosimage}Сајтот за онлајн пронаоѓање и споделување на страници StumbleUpon.com претстави нов веб-базиран тулбар со кој го смени начинот на користење на овој сервис. Корисниците повеќе нема да имаат потреба да се регистрираат или да го преземаат и инсталираат StumbleUpon тулбарот, туку можат на многу полесен начин да уживаат во оваа веб 2.0 алатка.

Сајтот кој објавува повеќе од 350 милиони страни секој месец и има повеќе од 6 милиони регистрирани членови благодарение на новиот начин на откривање на нови сајтови значајно ќе го подобри корисничкото искуство.

{mosimage}

Дел од новините покрај веб-базираниот тулбар е и партнерската програма StumbleThru. Преку оваа програма, партнерите ќе можат да овозможат на корисниците да го користат сервисот ексклузивно на нивниот сајт. Оваа опција е слични на опцијата StumbleThru во стариот Stumble тулбар. Засега, во партнерската програма се вклучени сајтовите HuffingtonPost.com, HowStuffWork.com, RollingStone.com, NationalGeographic.com и други.

Дополнително на овие измени, StumbleUpon ќе понуди и нов начин за рангирање и коментирање, рецензии и поврзување на содржини.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top