Kevin Mitnick повторно во неволја?

во Свет

{mosimage}Едно од најпознатите имиња на полето на компјутерската сигурност, Kevin Mitnick, беше стопиран од страна на имигрантската служба на САД по доаѓањето од Колумбија. На аеродромот во Атланта, некогашниот популарен хакер кој помина пет години во федерален затвор, а сегашен консултант за компјутерска сигурност бил задржан 4 часа на испрашување при кое му биле прегледувани мобилниот телефон, лаптоп компјутерите и личниот багаж.

"Се чувствував несигурен, исплашен и испаничен затоа што не знаев што се случува, знам дека не направив ништо погрешно. Според мое мислење, ми изгледаше дека некој ме мести за нешто." изјави тој во телефонски разговор за сајтот Cnet.

Откако слетал на аеродромот, доаѓајќи од Богота каде што одржал говор за националниот колумбуски весник El Tiempo и ја посетил својата девојка, тој бил повикан од страна на федералните агенти на разговор. Во меѓувреме, тој добил и телефонски повик од својата девојка која го известила дека полицијата во Колумбија барала дозвола за отворање на пакет кој тој го испратил на американска адреса додека бил во посета. Полицијата се сомневала дека пакетот во кој имало компјутерски делови содржел и кокаин.

Прегледувајќи го личниот багаж на Kevin Mitnick, агентите биле изненадени кога пронашле еден MacBook Pro лаптоп, Dell XPS M1210 и Asus 900 лаптоп компјутери, три хард дискови, неколку USB уреди, три iPhone телефони и 4 Nokia мобилни телефони со различни СИМ картички од разни земји. Дополнително тие пронашле и направа за обивање на врати и уред кој овозможувал пренесување на информации од пластични картички користени за разни цели.

Оправдувањето на Mitnick, откако се осигурал дека нема налог за негово апсење и откако го повикал својот адвокат, било дека дел од опремата била искористена за презентација во Колумбија.

{mosimage}Додека бил испрашуван, тој морал да им покаже доказ на агентите дека во Атланта доаѓа на конференција по покана од Американското општество за индустриска сигурност. Откако го отворил својот е-маил во Firefox и им ја покажал поканата, при затворањето на прелистувачот тој кликнал "Yes" на зададената опција да се избришат приватните информации. Агентите на ова реагирале веднаш со одземање на лаптоп компјутерот мислејќи дека Mitnick брише докази.

По четири часа испрашување, конечно реагирал организаторот на конференцијата помогнат од ФБИ агент кој исто така бил учесник на конференцијата јавувајќи се на директорот задолжен за сигурност на аеродромот во Атланта. По ова, Mitnick бил пуштен со извинување и сите сомнежи биле расчистени.

Овој инцидент по некоја чудна случајност воопшто не бил поврзан со оној во Колумбија каде што полицијата пробушила неколку дупки во компјутерската опрема од пакетот барајќи кокаин, кој не го пронашла.

Причината за која што Kevin Mitnick бил задржан и неговите компјутери биле прегледувани се претпоставува дека е неодамна донесената законска одлука која на федералните агенти на аеродромите во САД им овозможува без претходни цврсти докази, на обично сомневање да имаат право да стопират патници и да им ги прегледаат нивните компјутери. Позадината на Mitnick е многу јасна и повеќе од сомнителна.

По инцидентот, тој сподели неколку совети кој тој лично ги применува:
– секогаш ги енкриптира хард дисковите
– податоците ги пренесува на сервери во САД и ги брише од компјутерот при секои интернационални патувања
– по инцидентот, тој изјави и дека отсега ќе чува клон на својот примарен лаптоп дома во случај истиот да му биде одземен

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk