0 коментари 2 мин. читање 1 октомври, 2008

HP го објави првиот 13.3 инчен лаптоп

{mosimage}Hewlett-Packard го претстави на пазарот својот прв 13.3” лаптоп компјутер, HP Pavilion dv3500t по цена од 1000 US долари. Лаптопот кој тежи нешто под 2 килограми го има најновиот Core 2 Duo процесор на Intel, NVIDIA GeForce 9300M GS 512 MB видео картичка, можност за надоградба до 8 гигабајти меморија и хард диск од 400 GB. Основната резолуција е 1280 х 800 пиксели.

Другите карактеристики на овој лаптоп наменет особено за домашните потрошувачи се вградена веб камера, читач на отисок, целосна QWERTY тастатура со позадинско светло, 802.11n безжичен адаптер, 56K модем конекција и Ethernet LAN. Исто така лаптопот има 3 USB портови, место за ExpressCard, 5-во-1 читач за картички, HDMI и VGA излези и Bluetooth.

{mosimage}

Добрите спецификации на овој лаптоп единствено може да ги засени за некого ликвидно-металната бронзена боја. Компјутерот доаѓа со преинсталиран Windows Vista оперативен систем.

Додека на пазарот HP се ориентира кон 13.3 инчните , неговата конкуренција претставува 18.4” лаптоп компјутери. компјутери.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top