0 коментари 2 мин. читање

Студенти од Техничкиот универзитет од Минхен го соборија рекордот на Hyperloop

На натпревар чија единствена цел е напредокот на Hyperloop првата награда ја освои тим од Техничкиот универзитет од Минхен. Тимот ја освојува главната награда веќе трет пат, но она што е поимпресивно е дека успеаја да ја зголемат брзината за речиси 50%.

Брзината на возилото достигна 457 километри на час. Претходниот рекорд на тимот поставен пред околу една година беше 320 километри на час. Ова трет пат да се одржи натпреварот во организација на Space X, а тимот од Минхен има исто толку победи.

Покрај победничкиот тим од Минхен на натпреварот учествуваа и тимови од Универзитетот Делфт од Холандија и Политехничкиот универзитет од Лозана, јави Ars Technica.

Hyperloop е транспортно решение кое засега е во фаза на развој. Патниците во капсула се возат и превезуваат во рекордно кус период. „Капсулата“ се сместува во цевка со специфични услови, за намалување на триењето, капсулата левитира на своите лежишта. За левитација се користи истиот воздух кој ја придвижува капсулата нанапред. Во најголем дел од патувањето не се користат линеарни магнети мотори иако во дел од патот, движењето настанува благодарение на овие мотори. Секако со оглед на тоа дека технологијата е во фаза на развој засега нема патници, и уште се испитуваат капсулата и тунелот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top