Луксузните модели на Android телефони кои доаѓаат со новиот Snaprdagon 845 процесор, се подобри од Apple барем кога интернетот е во прашање. Телефоните како Samsung Galaxy S9, LG G& ThinQ, OnePlus 6 кои доаѓаат со овој процесор, побрзо преземаат податоци.
Сервисот Ookla, кој е зад платформата Speedtest.net, вели дека Qualcomm X20 модемот кој доаѓа со Snapdragon 845 е побрз од XMM 7480 од Intel. Просечната брзина на преземање на Galaxy S9 е 38.9 Mbs, поголемиот модел е S9+ е нешто побавен со 38,4 Mbps. Веста за брзината на модемот на Snapdragon ја сподели Qualcomm.
Од друга страна најскапиот модел на Apple, iPhone X презема со брзина 29,7 Mbps. Обичните надградби преземаат и побавно од ова, со 29,4 и 28,6 Mbps. Секако ова е сосем доволно за сè што им е потребно на корисниците, но е интересен податок.
Ова секако важи за сите модели на телефони со Snapdragon 845 процесор. Секако станува збор за одлични уреди, но дали ќе забележите разлика во брзината? Се сомневаме.







