0 коментари 2 мин. читање 27 октомври, 2014

Стивен Хокинг отвори своја фан страна на Facebook

Стивен Хокинг ги израдува своите љубители со својата одлука да се приклучи на најголемата друштвена мрежа. Се разбира нема да бидете изненадени што веќе сега има над 1,5 милиони следбеници, иако профилот е стар едвај неколку дена. Веќе првите неколку постови на Facebook ветуваат дека навистина мора да го следите г.Хокинг. „Од секогаш се прашував што прави да постои универзумот. Времето и просторот можеби засекогаш ќе останат мистерија, но тоа не ме спречи во моето истражување. Нашата поврзаност едни со други порасна бесконечно и сега кога имам можност сакам да го споделам ова патување со вас. Бидете љубопитни, знам дека јас секогаш ќе бидам. Добредојдовте и благодарам што ја посетивте мојата Facebook страна -С.Х.“, пишува најпознатиот теоретски физичар во светот.

Г. Хокинг е роден на 8 јануари 1942 и е еден од најголемите теоретски физичари и космолози. Позначајни научни постигнување на кои работел се теоријата за сингуларитет на гравитацијата, предвидувањето дека црните дупки емитираат радиоактивно зрачење, но тој е првиот научник кој ја истражува унијата на општата теорија на релативноста и квантната механика. За жал Стивен Хокинг боледува од ALS, болест која го остави овој брилијантен ум заврзан за инвалидска кoличка.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top