1 коментар 2 мин. читање 27 октомври, 2014

Apple-1 се продаде на аукција за неверојатни 900.000 долари

Apple-1, склопен пред 38 години, но сепак целосно функционален, на аукција на аукционерката куќа Bonhams е продаден за неверојатни 905.000 долари. Компјутерот сега е во сопственост на Ford фондацијата која планира да го изложи во Henry Ford Museum. Цената која е понудена за стариот компјутер е 750.000 долари, а останатите 175.000 долари отпаѓаат на данок и провизијата која ја треба да ја добие аукциската куќа.

Apple I е првиот компјутер на компанијата креиран рачно од Стив Вознијак, за да го склопат другиот основач нa Apple, Стив Џобс, мораше да го продаде своето возило. Во 1976 година кога започна да се продава цената на Apple I беше 666.66 долари. Моделот беше во продажба од 11 април 1976 до 30 септември 1977. Apple-1 доаѓа со MOS 6502 процесор на 1MHz, 4KB RAM кој може да се прошири до 8 или 48 со картички.

Цената на аукциите за Apple-1 се движи од 17.480 долари на eBay до ново поставениот рекор од 905.000 долари. Претходниот рекорд е поставен во ноември 2012 со 640.000 долари. Рекордот пак за колекционерски дел на Apple го држи оригиналниот договор за основање на Apple кој е продаден за 1.6 милиони долари, јавува Computer World.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top