0 коментари 2 мин. читање 27 октомври, 2014

Darth Vader се кандидира за парламентарец на Украина

Локалните власти повторно не му дозволија на водачот на Империските сили од филмот Star Wars, Darth Vader, да гласа на парламентарните избори во Украина. Тој беше одбиен да гласа бидејќи не сакаше да ја тргне кацигата и да го открие идентитетот. Изговорот на Darth Vader беше истиот како и во филмот, односно дека „ќе умре“ ако ја тргне кацигата.

Darth Vader е кандидат за парлементарец на украинската Интернет партија, која е основана во 2006-та година од хакерот Дмитриј Голубов. Лидерот на партијата е електричарот Виктор Шевченко, кој го промени своето име во Дарт Алексиевич Вејдер пред изборите. Покрај Vader, на листите на кандидати имаше место и за Chewbacca, Princess Amidala и Yoda кои ветуваат дека ќе постават транспарентни и интерактивни портали, бесплатни курсеви за компјутери за сите кои ги сакаат и WiFi насекаде. Darth Vader лично ќе се заложи за уништување на бирократите, како и ветување дека ќе се пресмета со претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Кога ќе влезам во парламентот, ќе им дадам отказ на сите заменици. Тие се докажаа како бескорисни… Компјутери ќе работат на нивните места и ќе ги исполнуваат обврските без одмор“, вели украинскиот Darth Vader за Associated Press.

Сепак, победници на изборите во Украина се прозападните партии, иако изборите не се одржаа во Источна Украина и во Крим. Партијата на солидарноста на Петро Порошенко и Удар на Виталиј Кличко се во водство според раните анализи, иако конечните резултати ќе бидат објавени за десетина дена. Интернет партијата не оствари забележителен успех на изборите, но успеа со целосната посветеност на маските да стане една од позабележителните партии во медиумите.

[youtube]WveNCbHL4SI[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top