3 коментари 2 мин. читање 13 јануари, 2015

Стивен Хокинг сака да го заштити човештвото од роботи

Група научници, меѓу кои физичарот Стивен Хокинг и основачот на SpaceX, Илон Маск, потпишаа петиција со која се бара одговорност при развивање на вештачката интелегенција. Ова би требало да допринесе развојот да не предизвика проблеми и опасности за човештвото.

Стравот од машини кои се надвор од контрола е можеби оправдан со оглед на тоа дека роботите стануваат пософистицирани, иако барем за сега сме прилично далеку од само-свесни машини. Сепак и покрај опасностите развојот на роботите и компјутерите овозможува и куп придобивки и можности. Така денес сме влиску до софистициран преведувач, автономни возила и паметни домови кои се само дел од технологиите кои ќе ни го олеснат животот во иднина.

Токму поради ова, иницијативата сака да обезбеди дека машините ќе мора да го прават она за што се креирани и ништо различно од ова. Ако оставиме систем со вештачка интелегенција самостојно да се развива, има потенцијал сериозно да го загрози човештвото, вели Стивен Хокинг за BBC.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}