0 коментари 2 мин. читање 13 јануари, 2015

Црниот пазар на Silk Road се врати, но не преку Tor

Продавницата за илегална роба, Silk Road, по кусиот период на непостоење, откако FBI го затвори сајтот на скриениот интернет, повторно се враќа. Oвој пат како Silk Road ReLoaded кој за разлика од претходните верзии не е скриен зад Tor, туку зад I2P мрежа за анонимизација. Покрај биткоини се додадени и куп други крипто-валути за плаќање, помеѓу кои и Dogecoin.

Сепак новиот сајт не е поврзан со претходната верзија на Silk Road, туку едноставно се обидува да го искористи познатото име за популаризација на продавницата. Покрај овој сајт се појавија и куп други кои се обидуваат да го освојат празниот простор кој остана по затворањето на најпознатиот сајт за илегална роба.

Откако FBI направи неколку рации на сајтови кои се криеја зад Tor, се чини дека криминалците се решија да ја сменат платформата. Наместо Tor, сега користат софтвер за анонимизација I2P, кој постои од 2003 година и е сличен на Tor во тоа што ветува анонимност на интернет. Но, постои верзија на продавницата која може да се види и преку обичните прелистувачи, вели Wired.

Silk Road, Silk Road 2, а сега и Silk Road Reloaded се најверојатно добар показател дека без разлика на тоа колку сајтови кои продаваат илегална роба се затворени, на нивно место секој пат се појавуваат нови. Ова не е изненадување, бидејќи се работи за огромна заработувачка, што ги привлекува криминалците. Пример, претходниот сопственик на SilkRoad, Dread Pirate Roberts, од провизија од продажбите заработил над 80 милиони долари. Неговото судење е во тек.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top