0 коментари 2 мин. читање 13 јануари, 2015

Хрватското паметно мече доби 400.000 долари инвестиција

Хрватско-англискиот стартап Teddy the Guardian успеа да собере инвестиции од 400.000 долари на CES 2015, но успеа и да ја зголеми вредноста на паметните мечиња нарачани во претпродажба над 716.000 долари, јави Netokracija. Парите доаѓаат од ангели-инвеститори помеѓу кои и ко-основачите на Shazam, Atlas Ventures и Secret Escape.

Паметното мече Teddy е привлечно за инвеститорите бидејќи претставува нов концепт за грижа на бебињата. Мечето овозможува следење на работата на срцето, температурата и нивото на кислород во крвта, без никакви непријатности за новороденчињата. Teddy е всушност играчка за бебе која ги собира медицинските податоци преку допирот, додека се игра бебето. Сите овие податоци понатаму се испраќаат до паметниот телефон од каде може да се разгледаат без притоа да се поместува мечето, што им помага на мајките да внимаваат на своето бебе.

Следниот чекор на тимот зад Teddy the Guardian е проширување и отворање на трета канцеларија во Калифорнија, по Загреб и Лондон. Според најавите мечињата ќе бидат произведувани единствено на овие локации, а најавени се две верзии на рачно изработена луксузна верзија која чини 500 долари. Поевтината верзија чини 250 долари. Првите примероци на Teddy the Guardian ќе бидат достапни веќе оваа пролет.

[youtube]9ydWI3D2KWM[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top