Ко-основачот на Apple, Стив Возниак ја истакна освојата загриженост за iCloud, но и општо за облакот кој станува се популарен, попрактичен и сите сервиси се решени да ги базираат своите услуги на него. Во интервјуто кое го даде за AFP, г.Возниак кажа дека иднината на „облак“ услугите во следните 5 години е заштрашувачка.
„Со облакот не поседувате ништо, ги отстапувате вашите права во моментот кога го прифаќате договорот за користење на провајдерите.”
Најголемиот проблем кој тој го согледал е отстапување на правото на сопственост врз софтверот од корисниците кон сервисот, најчесто „облак“. Поради ова корисниците немаат сопственички права врз софтверот, а остануваат заштитени единствено со договорот за користење на облак-сервисите.
„Сакам да се чувствувам дека ги поседувам работите. Најголем број од луѓето мислат: ‘О, во реалноста се е на мојот компјутер’, но колку повеќе ги префрламе работите на мрежата, во облакот, толку помалку контрола ќе имаме врз нив.“
Но, незадоволството со облак-услугите не го спречува г.Вознијак да профитира од овие услуги. Неговата компнија Fusion-io соработува со овие сервиси и дури изработува специјализирани апликации за нив.
[…] […]