0 коментари 2 мин. читање 7 август, 2012

Facebook се впушта во онлајн обложување за вистински пари

Facebook ја стартува првата апликација во која корисници ќе плаќаат со вистински пари. Апликацијата е онлајн бинго на кои ќе се натпреваруваат британци постари од 18 години. Во моментов оваа апликација е достапна само во Британија, и на неа се гледа како на експеримент од Facebook да започне со трансакции со реални пари бидејќи Facebook Credits не се покажаа како најдобро решение.

Но, според Facebook, Британија не е избрана случајно. Освен што обложувањето е популарно во земјата (а каде не е?), истото е и добро регулирано, па лесно е да се направи транзицијата во друштвеното обложување.

Покрај бингото, на Facebook е популарeн и покерот, пред се Texas Hold’Em на Zynga која е еден од најголемите партнери на друштвената мрежа. Интересно сè уште немам сретнато обложување на спортски натпревари, но ова можеби зависи од посериозните регулирања на спортските oбложувалници. Пример во САД не им е дозволено на банките да прават трансакции од обложување, додека во Македонија во моментов е забрането да се учествува во онлајн игра на среќа.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top