0 коментари 1 мин. читање

FBI ја откачи хартијата, стана комплетно дигитална агенција

Американското федерално истражно биро (FBI) конечно ја замени хартијата со дигитални податоци. Од сега целокупната документација која  ја поседува агенцијата е дигитална. Целата операција чини 600 милиони долари, а замената е направена во рок од 12 години. Новиот систем на FBI за дигитално чување, пребарување и обработка на податоци е наречен „Sentinel“.

Покрај намалување на архивите во кои се чуваат ваквите податоци и некористењето на хартија за документите, сепак најголема предност на дигитализацијата е можноста за споделување на документите веднаш. Покрај ова претражувањето на податоците сега е неспоредливо побрзо.

Можноста за споделување на досиеа, документи и други податоци од предметите на кој работат агентите е слично како кај GoogleDocs, пример Sentinel има веб пребарувач во кој се отвараат табови и прозорци кои можат да се поместуваат, и форми со потполнување на одговори. Но, иако наликува на популарен комерцијален софтвер, сепак клучната предност на Sentinel е напредното пребарување, односно преберување и споредба  на податоците низ сите активни случаи.

Интересно е што поголем предизвик за имплементација на софтверот не била неговата цена, туку и покрај целокупната предност на системот убедувањето на агентите да го користат.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top