Ко-основачот на Apple, Стив Возниак, вели дека примарниот телефон му е iPhone, но би сакал да може да ги прави на него сите работи што ги има на неговиот Android телефон.
За The Daily Beast, тој вели иако iPhone е најдобриот паметен телефон, сепак Android е подобар во гласовните команди и навигација. Ова е интересна изјава бидејќи последниот телефон на Apple, iPhone 4S стана популарен поради ексклузивниот говорен асистент Siri, за кој г. Возниак вели дека порано работел подобро, пред Apple да го купи Siri и да го додаде во iPhone 4S.
„Порано му кажував на Siri ‘Каде се петте најголеми езера во Калифорнија?’ и тој би ми одговорил. Сега само промашува. Ми дава листа на недвижности. Со iPhone 4 можев да притиснам копче и да ја повикам жена ми. Сега на 4S можам да го направам тоа само кога Siri е поврзан преку Интернет. Но, многу често не сака да се поврзе.“, вели г. Возниак и додава дека гласовните команди на Android се попрецизни од Siri.
Спротивно на својот партнер Стив Џобс, кој велеше дека ќе го потроши своeтo последно пени да го уништи Аndroid бидејќи е украден продукт, г. Возниак е отворен за технологијата од конкурентот. Неодамна тој се појави во кампусот на Google за да си земе Galaxy Nexus и се сликаше со инжинерите на Google.
„Нема многу разлика меѓу iOS и Android, како што нема меѓу Mac и Windows.“
Според г. Возниак, иако тој е пријател со Енди Рубин, главниот за Android, сепак постои страв дека историјата може да се повтори, и Android да му го направи на Apple тоа што му го направи и Microsoft во 90-тите. Додека Apple се грижи за својата платформа, со софтвер врзан за свој хардвер, Android налик на Microsoft е отворен за сите производители на уреди.
Но, за него, iPhone се уште е најдобриот избор за поголемиот дел корисници, посебно ќе се користи во комбинација со Mac.
Andy Rubin (Енди/Анди Рубин), и плус насловот на текстов ви е misleading.