Wikipedia ќе биде исклучена во знак на протест против SOPA и PIPA

во Свет

На 18-ти јануари Wikipedia на англиски јазик ќе се приклучи на неколку популарни сајтови, меѓу кои и Reddit, и ќе се исклучи глобално за 24 часа во протест против предлог-законите Stop Online Piracy Act (SOPA) и Protect IP Act (PIPA) кои се наоѓаат на гласање пред американскиот Конгрес.

Двaта закони предизвикаа негодувања од големи ИТ компании бидејќи со нив компаниите и властите ќе добијат моќ да извршат притисок врз интернет провајдерите и интернет пребарувачите да изгасат цели сајтови со нелегална содржина. Според овие закони, провајдерите ќе бидат одговорни за сајтовите и ќе треба да набљудуваат каква содржина се споделува, што би можело да значи и успорување на иновацијата.

„Ако се прифатат, овие легислативи ќе го повредат слободниот и отворен Интернет и ќе допринесат кон нови алатки за цензура на интернационалните веб сајтови внатре во Соединетите Држави.“, вели Wikimedia фондацијата.

Исклучувањето на енциклопедијата ќе биде глобално со цел да се подигне свеста кај сите заедници за опасностите од интернет цензура.

Wikipedia e 6-тиот најпопуларен сајт во светот, со над 25 милиони посетители дневно. Според основачот на Wikipedia, Џими Велс, ова ќе биде неверојатен „wow“ потег кој се надева дека корисниците ќе ги „стопат“ телефоните на американските сенатори за да го искажат незадоволството од законите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments