Обама рече „НЕ“ за SOPA

во Свет

Американскиот претседател Барак Обама се приклучи на дебата за контроверзниот американски Stop Online Piracy Act, велејќи дека нема да го поддржи предлог-законот бидејќи има премногу незадоволство од интернет заедницата и можност за интернет цензура.

Против законот од самиот почеток застанаа ИТ гигантите како Google, Netflix, Mozilla, a Reddit и Wikipedia најавија гасење на сајтовите во знак на протест. Дополнително многу компании кои беа поддржувачи на законот се повлекоа, бидејќи корисниците (и нивни клиенти) започнаа да ги критикуваат компаниите. Исклучителен пример за тоа е случајот со GoDaddy кои изгубија бројни клиенти поради тоа што интернет регистарот ја поддржуваше SOPA. Поради протестите од корисниците, GoDaddy се предомисли и реши да се спротистави на SOPA.

Предлог-законите SOPA и Protect IP Act не им се допаѓаат на интернет компаниите бидејќи со нив се фрла притисок врз провајдерите, интернет пребарувачите и другите сајтови на кои има кориснички-генерирана содржина, да ги набљудуваат корисниците и споделената содржина, што, според ИТ компаниите, ќе ja успори иновацијата. Законот предвидува и блокирање на сајтови со нелегална содржина кои се надвор од САД.

Според Белата Куќа, ризикот на овие закони мора да биде минимален за сите сајтови кои се надвор од САД и кои споделуваат исклучиво содржина забранета во САД, но не смеат да забранат интернет пристап или да допринесат кон цензура.

„Предложените закони не смеат да си играат со техничката архитектура на Интернетот преку манипулација на Системот за именување на домени (DNS), што е основа на интернет безбедноста.“, се вели во официјалниот блог од Белата Куќа.

„Токму затоа оваа администрација ги повикува сите страни да работат заедно да дојдат до солиден закон оваа година што ќе им обезбеди на обвинителите и на носителите на правата нови легални алатки да се справат со онлајн пиратеријата надвор од границите на САД…“

Реакцијата на Белата Куќа е позитивна за противниците на SOPA, и проблем за поддржувачите. Неодамна, медиумскиот могул Руперт Мурдок го нападна г. Обама во твит велејќи дека се здружил со Google кој е „лидер меѓу пиратите“.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Goce
Goce
10 years ago

Pfff…..Rupert Murdok e ispukan kondom!

name
name
10 years ago

Ја па све си мислам дека листата на n00bs медиуми е малку подолга. :)

Како прво не се вика да пред избори, како второ законот ќе биде изгласан во ваква или во онаква форма, оваа година или некоја трета и како трето голем дел од wannabe медиумите, а де факто маркетинг агентите, се против пиратеријата, па додека има такви шарлатани и лицемери ќе има и основ за изживување со народот. :)

don-ot
don-ot
10 years ago
види ги сите огласи на kariera.it.mk