Стив Балмер за Windows 8, цената на Surface и за како Microsoft не е веќе само софтверска компанија

Според директорот на Microsoft, Стив Балмер,  новиот оперативен систем Windows 8 ќе го надмине и Windows 95, а во тоа достигнување нема да му попречат ниту конкурентните оперативни системи кои истот така oбјавуваат надградби или нови верзии годинава.„Новиот Windows 8 ќе биде хит“, вели тој во интервју за Seattle Times.

Тоа за што се сите возбудени е што Windows 8 е дизајниран за да се користи на десктоп PC-ja, но и на таблет компјутерите. Клучот во успехот се секако вторите мобилни уреди бидејќи полека, но сигурно влегуваме во „пост-PC“ eрата. Дури и Microsoft влезе во производство на хардвер, претставувајќи го својот таблет компјутер Surface кој се очекува да биде помеѓу 300 и 800 долари. Иако е неофицијално, ова е сепак прв пат да добиеме податок за цената на новиот таблет комјутер. Претседателот на Microsoft не ја додели оваа цена токму за нивниот лаптоп, туку повеќе како цена која одговара за сите таблет компјутери.

„Не сме ја објавиле цената. Мислам дека имаме конкурентен продукт, кога станува збор за карактеристиките. Најголем број на луѓето не кажуваат дека iPad е прескап, кога  станува збор за вакви уреди кога луѓето нудат поевтино, тогаш таблет компјутерите не се доволно добри: не се доволно брзи или не се доволно убави на изглед.“, вели г. Балмер. „Ако го погледнете најголемиот дел од PC пазарот, би рекол дека 300 долари до 700-800 долари е вистинската цена за овие уреди.“

Г. Балмер се надева дека во иднина Microsoft ќе биде поразличен, луѓето нема повеќе да гледат на нив единствено како софтверска компанија. Во интервјуто тој нагласува дека иднината на Microsoft е како „device and service“ –компанија, модел кој се покажува како успешен за Apple и Amazon.  И покрај тоа што г.Балмер се согласува дека ќе биде тежок патот за нив и нивните партнери (пред се Nokia), тој ни најмалку не се сомнева дека Surface, Lumia 9xx и Windows 8 ќе бидат огромен успех.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments