0 коментари 1 мин. читање

Мексикански хакери срушија владини сајтови во постизборен сајбер протест

Нова група на хактивисти кои се нарекуваат Mexican Cyber Protest,  нападна и сруши десетина владини и останати веб страни во Мексико, јавува BBC. Нападот е поради узурпирањето на власта од страна на претседателот на Мексико кој, според нив, е избран со фалсификат. А покрај владини, нападнати се и страни на политички партии и медиумски организации.

Денот на хакерските напади е симболично избран, а нападите се извршени на денот на независност на Мексико, ден на кој според Мексиканците имаат се помалку причини за прослава. Хактивистите ги истакнаа проблемите со корупција, тешката економска состојба но и проблеми со нарко картелите кои се почесто ја ставаат државата во првите најави на црната хроника.

Во нивната изјава тие истакнуваат дека се мирољубиви студенти, работници и мексиканци кои допринесуваат, но преку глава им е од однесувањето на државата и нејзините институции. Според нив претседателот Енрике Пена Нието, е натрапник претседател, а демократијата е украдена на изборите во јули.

Иако нападите наликуваат на Anonymous, сепак Mexican Cyber Protest изјави дека немаат никакви врски со оваа хакерска група.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top