Still Wakes the Deep: немирниот повик на длабочините

Still Wakes the Deep е наративна хорор игра од студиото The Chinese Room, познато по една од нашите омилени игри – Dear Esther, како и критички-признаената Amnesia: A Machine for Pigs. Објавена на 18 јуни 2024 година, играта ве преселува во декември 1975 година на изолираната нафтена платформа Беира Д во Северното Море. Она што започнува како обичен работен ден за електричарот Камерон „Каз“ Меклири, брзо се претвора во борба за опстанок кога мистериозна катастрофа ја погодува платформата.

Ослободувајќи ужас што пркоси на реалноста, екипажот станува трансформиран во неуморни, монструозни суштества. Still Wakes the Deep претставува враќање на студиото кон корените на психолошкиот хорор, ставајќи акцент на приказната, атмосферата и емоционалната длабочина. Во пресрет на штотуку излезеното DLC за играта, следниот преглед би требало да ве информира за тоа дали е ова игра за вас!

Наративниот и визуелниот дизајн во Still Wakes the Deep е креативно изработен, се со цел за да се постигне максимална автентичност и страв. За да се оствари ваквата мисија, програмерите спровеле детално истражување, вклучително и интервјуа со поранешни работници на нафтени платформи и користење архивски материјали поврзани со животот на Шкотска во 1970-тите. Во секоја хорор игра, самиот амбиент игра клучна улога.

Still Wakes the Deep никако не прави исклучок. Изолираната, клаустрофобична структура на платформата, опкружена со бурното море, природно предизвикува страв од затворени простори и длабоки води. Приказната е втемелена во личната борба на Каз, чии мисли за семејството дома го прават натприродниот ужас уште поинтензивен. По одредено време, започнувате да гледате на платформата како на динамичен ентитет кој постојано се менува и распаѓа, спречувајќи ве да се чувствувате безбедно.

Централен столб на гејмплејот е намерното отсуство на борба. Имено, вие не може да се борите против заканите, туку мора да се потпрете на инстинктите за преживување: криење, бегање, одвлекување внимание и користење на околината за да се пробие напред. Овој дизајнерски избор создава постојано чувство на ранливост и беспомошност, што е, секако, темел на психолошкиот ужас.

Иако играта еволуира од типичниот симулатор за одење со воведување поактивни елементи како качување и пливање, нејзината структура останува линеарна. Оваа филозофија, која дава приоритет на наративниот тек пред сложените механики, се има потрудено тензијата и приказната да остануваат непрекинати, иако може да има негативен ефект доколку навлезете во играта очекувајќи поголема интерактивност и предизвик.

Имерзијата е дополнително засилена со врвна аудио-визуелна презентација. Користејќи Unreal Engine 5, играта нуди импресивен реализам, особено во приказот на водата и динамичното осветлување, кои активно придонесуваат за чувството на страв.

Саундтракот, компониран од реномираниот Џејсон Грејвс (Dead Space), вклучува уникатен инструмент наречен The Rig – метална скулптура која произведува неземни, вознемирувачки звуци, замаглувајќи ја границата помеѓу музика и амбиентален шум.

Искуството е комплетирано со автентична шкотска гласовна глума од актери како Алек Њуман и Нив Мекинтош, што ги прави ликовите и нивната агонија длабоко уверливи.

По објавувањето, Still Wakes the Deep доби генерално позитивни критики. Критичарите едногласно ги пофалија приказната, атмосферата, визуелните ефекти и извонредниот аудио дизајн. Сепак, главните критики беа насочени кон едноставноста на гејмплејот, линеарноста и релативно кратката должина од околу шест часа.

Играта е триумф во она што The Chinese Room го прави најдобро: создавање длабоко емоционално и атмосферско наративно искуство. Силно се препорачува за љубителите на психолошки хорор игри како SOMA и Amnesia, но веројатно нема да ги задоволи оние кои бараат акција, комплексни загатки или висока можност за повторно играње. Ние апсолутно уживавме во играта, се надеваме дека и вие!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: The Chinese Room
  • ИздаваSecret Mode
  • Жанр: Авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 18 јуни 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments