Веќе неколку години како Steam продава бројни филмови и телевизиски серии преку одделот Video. Неколку пати годишно, продавницата организираше и специјализира распродажби, сè со цел дополнително да го привлече вниманието на филмоманите. По се изгледа, Steam, како платформа, не е доволно профитабилна на овој план, и Valve реши да го укине делот и да престане со продавање филмови, серии, и документарци кои немаат никакви допирни точки со гејминг.
„Откако земавме во предвид што всушност сакаа да гледаат корисниците на Steam, нѝ стана јасно дека треба да ги фокусираме нашите напори на нудење содржина која е или поврзана со гејминг или со игри и софтвер кој се продава на Steam“, се чита од блог постот.
Од Valve објаснуваа дека пензионирањето на Video јазичето е неминовно, а сите видеа поврзани со гејминг ќе можат да бидат откривани преку преостанатите можности на продавницата. Многу видеа кои немаат допирни точки со гејмингот ќе бидат целосно отстранети од Steam во наредните неколку недели, вклучувајќи бројни настани на комичари, како и Холивуд блокбастери од рангот на Mad Max: Fury Road и Kill Bill. Се претпоставува дека и бројните сезони на аниме телевизиски серии би можеле да ја дочекаат истата судбина. Доколку нешто веќе имате купено, и понатаму останува ваше и спремно за идно гледање. Бројните документарни емисии за тоа како некоја игра е направена и понатаму би требало да останат дел од продавницата.