Следната недела од 25 до 28 февруари во Барселона се одржува Mobile World Congress. Ова е најголемиот саем од мобилната индустрија, иако веќе одамна телефоните не се единствена „ѕвезда“ на претставувањата.
Mobile World Congress се одржува од 1987 година, а до 2006 година се одржуваше во Кан под името 3GSM World. Сега настанот се одржува во Барселона, најчесто кон крајот на февруари, иако се случува да трае и во март. За да биде во тек со промените во технологиите MWC следи сѐ повеќе различни уреди, од очила за проширена и виртуелна реалност, до таблет компјутери и лаптопи. На настанот вообичаено се присутни сите производители, со исклучок на Apple.
Што може да очекуваме оваа година?
Samsung ги претстави Galaxy S10 телефонот и долго најавуваниот уред со флексибилен екран неколку дена пред настанот, но секако Samsung Unpacked може да го вброиме во MWC 2019.
That’s about $1,500. pic.twitter.com/5BIDyeegAf
— Evan Blass (@evleaks) February 17, 2019
Huawei некако несрамежливо најавува дека P30 ќе биде импресивен телефон. Засега е јасно дека ќе доаѓа со Kirin 980 процесор и со неколку различни изведби, а невообичаено е што ќе има и различни изведби на камерите. Па така P30 Pro доаѓа со 4 камери, а P30 со 3, ист број камери, но различна поставеност има и P30 Lite.
LG на MWC оваа година ќе го претстави новиот флагшип телефон LG G8. Телефонот ќе биде претставен на конференцијата на 24 февруари, она што веќе го знаеме е дека ќе доаѓа со името LG G8 ThinQ.
Microsoft е една од компаниите кои сигурно нема да претстават телефон. Сепак најавата за следната генерација очила за проширена реалност HoloLens 2 веројатно е една поинтересните. Можеби причина за ова е што телефоните наликуваат еден на друг, а често и хардверот на овие уреди е ист.
Nokia е далеку од приматот доминантен производител кој го носеа порано. Поточно освен името речиси и ништо не е останато од компанијата. Кинескиот сопственик на брендот сепак претставува и повеќе од солидни телефони. Nokia 9 PureView се разликува од конкурентите не само по камерите, а ги има 5 на телефонот, туку и по чистата верзија на Android P која доаѓа со уредот.
Nokia 9 PureView “Beholder.” HNY pic.twitter.com/x4Kh3anP46
— Evan Blass (@evleaks) December 31, 2018
Најдоброто на MWC последниве (5 години)
Еве дел од причините поради кои толку го сакаме и едвај го чекаме одржувањето на MWC секоја година. Веројатно нема подобар начин од да се потсетиме што досега сме виделе на Mobile World Congress. Секако ова ќе биде само покуса листа на уреди кои сме ги виделе досега на конференцијата
2018
Искрено, минатата година беше прилично здодевна на MWC. Веројатно најинтересен дел беше 5G модемот на Qualcomm. Пред конференцијата компанијата го најавуваше модемот, но на MWC претстави дел од можностите на X50 5G модемот. За телефоните забележителен беше екранот од крај до крај на телефонот, а ако баш мора да се изводи некој телефон Samsung го претстави Galaxy S9, а Asus го претстави Zenfone 5Z.
2017
Најдобар телефон на MWC пред две години беше LG G6. Секако една од главните причини за ова е што LG ги чува сите податоци за телефоните прилично скриени. Ова е дополнето и со фактот што LG G6 беше навистина одличен уред. Додајте го на ова и фактот дека G5 беше невообичаен и не премногу успешен па тоа секако придонесе за фокусот кон LG. Сепак 2017 беше година на Huawei, а компанијата на MWC претстави 2 уреди кои иако имаа пристоен хардвер и релативно ниска цена Huawei P10 и P10 Plus.
2016
Иако подоцна се покажа како не баш паметна идеја „главен“ телефон и во 2016 беше флегшипот на LG. LG G5 требаше да биде првиот модуларен паметен телефон. Доаѓаше со неколку различни делови камера, батерија, аудио конвертор. За жал телефонот не беше прифатен, а со овој уред се чини барем засега исчезна и идејата за развој на модуларни телефони.
Секако ова не беше единствениот телефон кој го видовме на MWC 2016. Samsung оваа година го претстави својот втор Galaxy Edge телефон, а страничните контроли останаа и денес за корисниците кои се љубители на овој телефон.
Сепак поради превисоката цена на овие уреди, Xiaomi Mi 5 Pro беше во фокусот на дел од посетителите. Вообичаено, Xiaomi претстави телефон со хардвер за уред од висока класа, но според цента беше барем во средната гласа. Mi 5 Pro дојде со Snapdragon 820, 128GB слободен простор, читач на отпечатоци, 4GB RAM и 16MP камера од Sony. Ова доаѓаше за цена од околу 400 долари, кога конкурентите веќе ги продаваа своите телефони за цени повисоки од 500, па и 600 долари.
2015
Во годината кога Samsung го претстави премиум моделот на Samsung Galaxy S, Edge немаше подобар телефон на пазарот, секако немаше ниту многу поскапи уреди. Телефонот беше со малку заоблен екран, а ако „edge“ првпат беше претставен со Note телефонот и Galaxy S беше барем подеднакво импресивен. Еден од уредите и едни од уредите по кои ќе остане запомнет овој MWC е купот паметни часовници. До MWC 2015, единствено Motorolа, тогаш сопственост на Google имаше кружен часовник. На настанот свои кружни часовници претставија и LG, LG Watch Urbane LTE и Huawei, Huawei Watch. Конечно Google оваа година најави дека планира да стане виртуелен мобилен оператор.
2014
Ова баш и не беше најдобрата година за телефоните на MWC. Сепак 2014 ја одбележа растот на преносните уреди. Бројот на алки и фитнес уреди веројатно нема да се повтори. Речиси секој производител што се појави имаше да претстави и некаков фитнес додаток. Што се однесува до телефоните, 2014 беше првата година по годината во која Едвард Сноуден ги објави податоците за шпионирањето на NSA. Веројатно најсоодветно е изборот да падне на BlackPhone. Телефонот немаше некои спектакуларен хардвер, но фокусот во целост беше на криптирањето, безбедноста и приватноста.
2013
Ако се прашувате зошто баш 2013 ја одбравме како последна година објаснувањето е прилично едноставно. На MWC 2013 се појавија два нови концепти кои многу ветуваа, а за жал во следните 5 години исчезнаа.
Првиот секако е Windows Phone, Microsoft го претстави основниот, влезен модел на Windows Phone, Lumia 520. Ова беше основниот уред кој доаѓаше со Windows Phone 8 оперативен систем. Сепак благодарение на прилагоденоста на оперативниот систем, уредот функционираше и подобро од телефони со значително подобар хардвер. За жал Microsoft премногу доцна влезе на овој пазар, Android и iOS веќе го имаа зафатено пазарат и место за друг оперативен систем немаше.
Поради слични проблеми никогаш не успеа ни Firefox OS. Иако ова веројатно било најдоброто решение за мобилните апликации. Стануваше збор за оперативен систем кој овозможуваше директно стартување на веб апликации или апликации од некоја од продавниците. Клучно беше што овие апликации ќе користеа отворени стандарди JavaScript и HTML 5. Апликациите за Firefox OS требаше да бидат изработени со HTML, JavaScript и CSS, што го претвораше оперативниот систем во своевиден прелистувач. Во 2013 Mozilla претстави 2 телефони за овој оперативен систем ZTE Open и Alcatel One Touch Fire; двата уреди беа со ужасен хардвер, а Mozilla 2 години подоцна се откажа од Firefox OS.