Samsung ги претстави Galaxy S10, S10+ и Galaxy Fold

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести, Мобилни

Image courtesy of Samsung

Оваа година Samsung одбележува 10 години од Galaxy серијата, а компанијата тоа го направи 3 нови Galaxy телефони, еден телефон подготвен за 5G мрежа и еден сосем нов хибриден телефон/таблет уред. Покрај очекуваните Samsung претстави и помал S10е телефон.

За Galaxy S10 и S10+ не дознавме многу нови податоци. Причината за ова не е недостатокот на информации на конференцијата на Samsung туку тоа што речиси секој податок за телефонот и хардверот се одамна „протечени“ во јавноста. Ова секако не е случај само со Samsung туку безмалку со секој „флегшип“ телефон што излегува на пазарот.

Дека Galaxy S10 ќе има извонредни спецификации и перформанси немаше да биде никакво изненадување дури и ако ништо не знаевме за телефонот. Оваа серија заедно со Note телефоните се гордоста на компанијата и Samsung вообичаено им посетува особено внимание. Најчесто, ако нема непредвидени непријатности како оние со Note 7 и батеријата која експлодира, ова се најдобрите Android телефони кога излегуваат. Ова секако изгледа дека ќе биде случај и сега.

Samsung Galaxy S10

Samsung претстави 4 различни уреди од оваа серија: Samsung Galaxy S10e, Galaxy S10, Galaxy S10+ и Galaxy S10 5G.

Телефоните доаѓаат со 6,1 и 6,4 инчни Quad HD+ екрани од едниот до другиот крај на телефонот. Се забележува отсуството на „забот“ на горниот дел од телефонот и на долниот дел на телефонот. Samsung го следеше дизајнот на дел од конкурентите и селфи камерата ја „скри“ во мало дупче на дисплејот. Ова секако е многу поубав и подобар избор. Додадете на ова дека телефонот сега има и ултрасоничен скенер за отпечатоци кој е скриен зад екранот на телефонот и ќе добиете навистина убав дизајн на телефон. Недостатокот на ова е дека скенерот има проблем со подебели заштитни фолии, па изборот на заштитната фолија на телефонот сега ќе биде покомплициран, но Samsung веќе има неколку партнери за ова.

Во зависност од регионот телефоните ќе доаѓаат со различен процесор, Snapdragon 855 (64-битен осум-јадрен процесор (Максимум 2.8 GHz + 2.4 GHz + 1.7 GHz)) или Exynos(8nm 64-битен осум-јадрен процесор (Максимум 2.7 GHz + 2.3 GHz + 1.9 GHz)). Двата процесори се и повеќе од доволно моќни и за повеќе од телефон. Телефоните доаѓаат со помеѓу 6 или 8 GB RAM, а S10+ доаѓа со 8 или 12 GB RAM; капацитетот на флеш дискот е помеѓу 128GB и 1 TB, а дополнително може да се прошири и со microSD картичка.

Ако 2 камери(леќи) не ви се доволни на телефон, добра вест е дека Galaxy S10 сега има тројна главна камера. Камерата е со оптичка стабилизација на сликата и: телефото објектив –  12MP PDAF, F2.4, оптичка стабилизација на слика (45°); широко-аголен објектив – 12MP Dual Pixel AF, F1.5/F2.4, оптичка стабилизација на слика (77°);  ултра широк објектив – 16MP FF, F2.2 (123°) и избор од 0.5X/2X оптички зум, до 10X дигитален зум.

Предната „селфи“ камера е двојна или единична во случајот на S10e.  Доаѓа како 10MP Dual Pixel AF, F1.9 (80°) „RGB“ длабочина: 8MP FF, F2.2 (90°). За сите кои се позаинтересирани за видео добра вест е дека и предната и задната камера можат да снимаат 4К видео.

Секако кога ќе се спомене батерија во разговор за Samsung, нема да може да ги заборавиме Galaxy Note 7 и батериите кои експлодираа, но ова секако е во минатото. Оваа серија на S10 доаѓа со батерии со капацитет од 3 400 mAh или 4 100 mAh во случај на S10 Plus. Телефонот доаѓа со можност за: брзо полнење (преку кабел или безжично);подобрена брзина на безжично полнење на батерија преку „брзо безжично полнење 2.0“; безжично споделување на енергија.

Секако не може да ги заборавиме дека телефонот доаѓа и со куп сензори: акцелерометар, барометар, сензор за отпечатоци, „жиро“ сензор, геомагнетски сензор, „холов“-сензор, сензор за близина, сензор за „RGB“ светлина.

Телефонот доаѓа со Android 9 Pie оперативен систем.

Samsung Galaxy Fold

Новиот телефон на Samsung, Galaxy Fold несомнено е кул. Овие флексибилни телефони се најавуваат повеќе години, но до оваа година не се појави ваков уред. Секако ако ја погледнеме цента од 2 000 долари за која ќе се продава, можеби станува и појасно зошто.

Она што го одликува уредот е изборот на екран. Можноста за превиткување и креирање на поголем екран секако е уникатна. Дополнително телефонот од предната страна кога е склопен има дополнителен екран кој се користи во режим на телефон. Samsung самиот е креатор и производител и на дисплејот, а можноста за флексибилност доаѓа од намалувањето на дебелината. Екранот на Galaxy Fold е 50 отсто потенок од другите.

Хардверот сместен во телефонот секако е од последната генерација. Секако во фокусот е 7,3-инчниот QXGA+ Infinity Flex Display. Телефонот доаѓа со Snapdragon 855 процесор на Qualcomm; 12 GB RAM; 512 GB диск. Очекувано батеријата е нешто поголема и е 4 380 mAh (поточно телефонот има 2 батерии што се спојуваат во една). Galaxy Fold доаѓа во 2 верзии LTЕ и 5G. Galaxy Fold доаѓа со 10 MP предна камера и главна камера со стабилизација на слика – ултра широка: 16MP, F2.2; широка: 12MP (2PD), F1.5/F2.4; телефото: 12MP, F2.4.

Сепак без разлика колку е кул уред што може да биде телефон со 4,6-инчен дисплеј или 7,3-инчен таблет компјутер секако нема да биде 2 000 долари кул. Продажбата на Galaxy Fold започнува на 26 април во САД. Во Европа телефонот ќе биде достапен за 2 000 евра, а продажбата започнува на 3 мај.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk