Стартуваше MKD20, нов гејминг подкаст со премиера на Twitch

во ИТ.МК

Let the games begin. Добивме втор гејминг подкаст насловен како MKD20 кој е конкуренција на GG.mk, иако и двете емисии за игри се бодрат заедно да го промовираат гејмингот како алтернативна уметност. И двата подкасти одат премиерно на Twitch, демонстрирајќи дека не мора да се размислува за традиоционални медиуми кога се во прашање видео емисии, туку дека треба да се оди каде што е публиката.

Воден од Благој Чучанов, Илија Калеев и Иван Делев, МКД20 имаше успешно деби со над 1.000 прегледи за првите две емисии. Тоа што можеби фали е подобро студио и погласно аудио. Што се однесува до рецензиите и критиките за игрите, тие секако се детални и страствени бидејќи се гледа дека дечките имаат ентузијазам за видеоигрите. Дијалектот дава посебен шарм на дискусиите. Најновите епизоди на MKD20 одат премиерно на Twitch секој вторник во 21:00 часот, а потоа можат да се најдат на YouTube.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk