Виртуелната реалност не може да раскаже приказна, смета ко-основачот на Pixar

во Свет, Софтвер

Виртуелната реалност сè уште има многу работа пред да прерасне во вистинска платформа за раскажување, смета Ед Катмул, ко-основач и легенда на Pixar Animation Studios. „Не е раскажување приказна. Луѓето се обидуваат да раскажат приказна во виртуелна реалност веќе 40 години. Не успеаја. Зошто го велам ова? Бидејќи ќе знаевме ако беше успешно, сите ќе сакаа да се вклучат“, вели г. Катмул за Guardian.

Тој сепак смета дека иако во линеарните приказни нема многу простор за виртуелната реалност, платформата е одлична за нелинеарните искуства. Ова најмногу се однесува на некои од видеогрите што можат да бидат интересен медиум. „Постои цела индустрија која е огромна: игрите. Тие се сосем различни уметнички дела, и воопшто не се слични на линеарниот наратив“, додава г. Катмул.

„Линеарниот наратив е уметничко раскажување на приказна, каде светлината и звукот играат важна и јасна улога. Вие не се шетате само низ светот”.

Она што се случува сега – VR трендот стартуван со Oculus, следени од Google, HTC, Steam и Samsung во креирање уреди со виртуелна реалност – не може да се сфати како создавање на нов медиум за раскажување приказни, смета ко-основачот на едно од најуспешните аниматорски студија. Иако ова е за поздравување, и технологијата сега е подобра, ова не овозможува подобро пренесување на приказните. „Книгите не се исти со филмовите, ниту мораат да бидат“, објаснува легендата на Pixar.

Она што е можеби поинтересно е што тој смета дека треба да се продолжи со експерименти со технологијата. Од овие експерименти ќе произлезат нови можности кои најверојатно ќе бидат и поинтересни од она што во моментов го замислуваме, но за ова е потребно време и експерименти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments