Зa Еuropol енкрипцијата е проблем во борбата против тероризмот

Слично како и безбедносните агенциите од САД, и Europol се жали на сè поквалитетната енкрипција на податоците, обвинувајќи ги онлајн комуникациите за најголем предизвик со кој се соочуваат во борбата со тероризмот и онлајн криминалот. „Технолошките компании треба да размислат за влијанието кое го има софистицираниот софтвер за енкрипција, врз спроведувањето на законите“, вели Роб Вејнврајт, директорот на Europol, за BBC.

Сепак сè чини дека најголем проблем е креирање на законска рамка која и агенциите, и компаниите, и активистите за заштита на правото на приватност, ќе се сложат дека ги задоволува критериумите кои се потребни. Во некои случаи агенциите можеби и треба да имаат пристап до комуникацијата, но доколку судиме по искуството и дел од податоците кои ги објави поранешниот аналитичар на американската NSA, Едвард Сноуден, агенциите ја злоупотребуваат својата моќ за прислушување на комуникациите и потполно игнорирање на загарантираното право на приватност.

„Ова стана најверојатно најголем проблем за полицијата и безбедносните служби кога е во прашање справувањето со тероризмот. Променета е природата на против-терористичката програма, порано таа зависеше од можностите за набљудување на комуникациите. Ова повеќе не е можно“, вели г. Вејнврајт.

Од друга страна криминалците и терористите го злоупотребуваат правото на приватност, па користејќи сервиси со подобра заштита, побезбедно регрутираат нови потенцијални членови на терористички групи или ги користат друштвените мрежи за да ја пренесат својата порака и да ги заплашат останатите.

Една од најбруталните, ако не и најбруталната терористичка организација Исламска Држава, ги користи предностите кои доаѓаат со подобрата енкрипција за регрутирање на членови, но и на „џихадистички невести“. Twitter, чии основачи од неодама добиваат смртни закани, проценува дека на микро блогот има околу 50.000 на Исламска Држава кои секојдневно испраќаат 100.000 пораки.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk