(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)
Ме разбуди сонцето во навистина ладно јануарско утро во Талин. Се облеков и излегов набрзина бидејќи сакав да се запознам и да пијам кафе во центарот со оваа личност. Неговата позадина е во радио новинарство, работел PR за Skype во 2005-та година и ја делевме истата пасија за раскажување на приказни. Го добивме топлото кафе и додека аромата ме расонуваше, се фокусирав комплетно на кој е тој и што работи сега?
Да ве запознам со Вилу Арак, ко-основачот на Funderbeam, естонски базиран стартап кој нуди аналитика на стартапи и нивните инвеститори ширум светот. Тие наскоро го стартуваат, на 21-ви април, првата светска продавница за стартапи (податоци, здружено инвестирање и тргување). Тој исто така пишува приказни за стартапи, но на почеток сакав да дознам како се започна?
„Повеќето од основачите на стартапи тука се инженери. Тие имаат тешка задача да се објаснат кои се и што прават. Тонот, јазикот, приказната. Јас им помагам на младите компании да ја најдат грутката злато во средината и да направат кул приказна околу неа. Повеќето луѓе ги комплицираат работите. Не се обидувајте да ги импресионирате луѓето со технолошки јазик или со популарни зборови. Не може да се скриете зад зборовите. И сетете се дека треба да се фокусирате повеќе на бенефитите кои ги нудите, отколку на функционалностите што ги нудите“, вели Вилу.
По работата во корпорација и промена на кариерата, бев заинтересирана да научам како и зошто се вклучил во „стартап светот“.
„Ентузијазмот и енергијата на стартап ентузијастите ме навлече. За мене беше предизвик да се обидам да решам проблем како стартапите се дефинираат во светот. Оваа претприемачка авантура е како да седнете на воз кој не престанува да оди напред. Понекогаш треба да кликнете на копчето за пауза за да имате момент да размислите за големата слика. Да сте сигурни дека знаете точно што да работите, кои проблеми треба да решите. Наместо тоа, фокусирајте се на еден проблем. Треба да може да одговорите на 4 основни прашања: Кои сте вие? Кој проблем решавате? Како го решавате? И која е вашата таргет група? и треба да имате рендгенски поглед за вашиот бизнис. Тоа е константно патување на откривање на себе си. Осигурајте се да уживате во патувањето, додека патувате“, вели Вилу.
Преку General Specifics, беше навистина лесно да се креира приказна за стартапи како TransferWise, Fleep, Funderbeam, Deekit, естонската ИТ академија, Pilt.ip, HeaFilm, Forum Cinemas и други амбициозн иорганизации. Со неговиот тим во Funderbeam го направија инвестицискиот процес потранспарентен и обезбедија можност за вмрежување на кул стартапи и инвеститори. За мене, ова беше вистинско задоволство да се запознае Вилу и да се разговара за креирање приказни и стартапи. Му посакувам успех и сум сигурно дека ќе се сретнеме повторно бидејќи тој вети дека ќе го посети Скопје.
[…] Вилу беше одличен раскажувач што ми направи да заборавам на времето, кога заѕвони телефонот потсетувајќи ме дека треба да одам во Garage48 Hub за нивната Saturday’s Tech Fair + Waffles вечер. Беше навистина кул претставува на стартапи исполнети со стартап ентузијазам и енергија. За мојот следен гостин се договориме да се сретнеме во хабот бидејќи не можев да ги посетам нивните канцеларии. Таа е менаџер на стартап програмата и одговорна за заедницата на најголемиот ИТ инкубатор на Балтикот – Tehnopol. Каде и кога Трин Махлакоив и се приклучи на стартап заедницата и што нуди нејзиниот инкубатор? […]