(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)
Пролетта е најдоброто време да се посети Охрид. Сончеви денови, убаво време, многу локални луѓе шетаат низ улиците заедно со туристите, и секако, тој фантастичен поглед на Охридското езеро. Тоа се само од неколкуте предности да се организира конференција и хакатон таму, за викенд на средината на април. Како дел од SECO Entrepreneurship Programme, имплементирана од Swisscontact бевме возбудени да дознаеме што се случува со ко-системот надвор од главниот град.
Како што наближуваше денот на Codeference и Codefest, закажав состанок со еден од организаторите, Јасна Тренгоска. Таа исто така е менаџер на Girls in Tech Macedonia. Па, да чуеме повеќе за приказната на овој интересен настан:
„Codefest се случи како грешка со Facebook настан, и го продолживме секоја година од тогаш бидејќи имаше интерес. Попрецизно, пред четири години моите колеги Алекс, Вилијам и јас сè уште бевме студенти на Технолошкиот универзитет во Охрид, и поради некоја причина доцневме со проектот за семестарска. Затоа за да завршиме на време побаравме дозвола од Универзитетот да ни даде да останеме во амфитеатарот преку ноќ да работиме на нашите проекти. Тогаш направивме Fаcebook настан за да ни се приклучат колеги ако сакаат. Тоа што се случи е што студенти од други факултети и од други градови почнаа да аплицираат. Така имавме настан пред и да знаеме дека го имаме. Codefest е многу повеќе од 32-часовен маратон за програмирање. Тоа е искуство за сите млади луѓе да направат нешто да ѝ покажат на ИТ заедницата. Во таа смисла, Codefest е повеќе како програма која ги тера младите да размислуваат креативно и ги мотивира да си ги следат своите идеи кои ќе ги претворат во стартап. И секако, технологијата не знае граници, и затоа имаме и интернационален дух“, вели Јасна.
Некои работи се променија преку годините и за оваа година организаторите додадоа и конференција, еден ден пред хакатонот. Како Codefest се разви и што е целта на Codeference?
„Настанот порасна и ние со него. Во првата година имавме 13 тима и 70 учесници. За само четири години имаме 54 тимови кои аплицираат од целиот свет, од кои избравме 32 тимови. Ова искуство што го добивме преку Codefest ни помогна со организацискиот процес. Во последните 4 години успеавме да ги поставиме основите на Codefest, и сега фокусот е да го направиме уште подoбар. Оваа година, за прв пат, ја проширивме агендата на Codefest од 32-часовен маратон на уште еден ден, додадовме целодневна Codeference. Oва прерасна од позитивниот фидбек што го добивме од претходните Codefest маратони од некои говорници, кои разговараа со учесниците помеѓу работните сесии. Вообичаено ќе имаме полна сала со гости за овие говорници, како што беше случајот со репрезентативецот од Facebook, и тоа некако ја стартуваше идејата да организираме Codeference. Говорниците ја исполнија агендата на Codefest и беа добра мотивација и знаење за сите учесници. Имавме навистина одлични говорници низ годините, кои видоа и ја разбраа визијата што ја имаме со Codefest и се решија да ни помогнат да ја исполниме“.
Како гостин навистина уживав во Codeference и бев навистина изненадена колку напорно работат тимовите на своите проекти. Да ви ја доловам сликата, надвор имаше фантастично сончево време за целиот викенд, прекрасен поглед на езеро од терасата на ресторанот, но кога ќе влезете во работната соба ја чувствувавте атмосферата на напорна работа, луѓе кои кодираат, кои ги слушаат менторите и кои ги средуваат презентациите. Сесиите за претставување беа успешни за сите тимови, но најмногу за DreamKillers – победниците на Codefest 2016.
Кој совет би им го дала Јасна на сите заинтересирани да се пријават на Codefest 2017-та и кои се идните планови на организаторите?
„Со Codefest се обидуваме да го поттикнеме развојот на нашиот еко-систем. Codefest, главно преку маратонот, ги таргетира студентите од различни возрасти, кои се категорија на луѓе во нашиот еко-систем кои често се заборавено, но се многу моќни. Повеќето од глобалните светски ИТ чуда и иновации доаѓаат директно од студентите, и тие имаат вештина и креативност навистина да го развијат следниот „еднорог“. Настани како Codefest се тука само да им помогнат да го исполнат потенцијалот и да ги мотивираат да работат на нивните идеи и вештини. Со вистински ресурси, овие млади луѓе навистина можат да успеат. Како совет, би кажала никогаш да не дозволите некој да ви каже дека не можете, кога се работи за верување во вашата идеја или вештини. Без разлика од каде потекнувате, имате потенцијал да биднете следното големо нешто, и треба да работите на тоа!“, вели Јасна.
Ми беше чест да ја споделам приказната на Јасна и Codefest, кој полека станува еден од најголемите ИТ настани во регионот. Уживав секоја секунда на настанот и се надевам дека ќе ги видам идните резултатите и што можат тимовите да направат. За сите студенти, ве повикувам да се пријавите следната година бидејќи ќе добиете вредно искуство! за сите спикери и интернационални тимови, не се срамите да научите повеќе за нашиот еко-систем и да ни се приклучите. Се гледаме на следниот Codeference и Codefest 2017!