Linden Lab, познати како креатори на онлајн светот Second Life, работи на нов проект кој ќе биде сместен во виртуелната реалност и повторно ќе понуди можност за заработка од креативната содржина. Linden Lab вели дека уште во развојната фаза ќе бидат вклучени над 100 креатори на содржина, а 3Д артистите веќе од ова лето ќе можат да бидат дел од тимот зад Project Sansar.
Најверојатно слично како и Second Life, и Project Sansar ќе биде повеќе персонализирана социјална мрежа во која учесниците ќе можат да променат сè од околината, па се до својот аватар. Project Sansar сепак доаѓа во виртуелната реалност, па чувството на „припаѓање“ во алтернативната реалност секако ќе биде подобро од претходно.
Веќе има повеќе слични конкурентски платформи како AltSpacе или High Fidelity, сепак со оглед на популарноста на Second Life и фактот дека виртуелната реалност сè уште е во рана фаза, Project Sansar ќе има доволно неосвоен пазар, а тука е огромниот број на активни корисници на Second Life кои би можеле да се префрлат во иднина.