#Стартапуваме: Inspiron Solutions – Drive Drive Car, AirBnB за изнајмување возила

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести, ИТ.МК

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија на последнитe повици за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… Кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или сл… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Компанијата Инспирон Солутионс ДОО е софтверска компанија лоцирана во Скопје основана 2015 година.

 Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Платформата Drive Drive Car ја развивме затоа што ги согледавме сите недостатоци на изнајмувањето возила. Се уверивме колку луѓето неефикасно ги користат своите возила, најголем дел од времето возилата се паркирани и не се користат. Сопственикот на возилото просечно го користи своето возило само 2 часа дневно. Тоа е навистина малку!

Поради овој факт го развивме Drive  Drive Car. Преку платформата сакаме да го олесниме: процесот на изнајмување и пријавување возила; да ја зголемиме достапноста на возила; да понудиме различни видови возила; и да понудиме повеќе услуги. Drive  Drive Car е модел преку кој не мора да сте сопственик за секогаш да имате возило на располагање.

Она што AirBnb го претставува за пронаоѓање места за сместување, Drive Drive Car го претставува за пронаоѓање возила за користење. Drive Drive Car платформата им овозможува на физичките и правните лица да ги пријавуваат своите возила за изнајмување додека не ги користат за свои потреби.

Drive Drive Car е наменет и за производителите т.е. овластените дилери на нови возила кои може да ги пријават своите тест возила за да можат корисниците да ги тестираат бесплатно или по некоја промотивна цена која ја одредува сопственикот. После тестирањето корисниците имаат можност да го купат тестираното возило по промотивна цена. За време на тестирањето сите тест возила се осигурани од нашите осигурителни партнери.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Проектот е целосно подготвен и пуштен во употреба во Македонија, сè е подготвено за пуштање во работа во Србија, Словенија, Бугарија, и Романија, а следната година покрај овие пазари се очекува и пуштање на работа во Чешка и Словачка.

Официјален осигурителен партнер е Евро Инс осигурување.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Финансисите од Фондот се избуџетирани како средства во оперативниот развој на проектот и покривање на трошоците на дел од развојниот тим на проектот

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Проектот е наменет за интернационалниот пазар. Целната група ни се сопственици на возила кој не ги користат своите возила постојано и кои сакаат за да заработуваат во периодот на некористење на автомобилот

Нешто дополнително што би сакале да додадете? :)

Наш стратешки партнер е vouchforme.co со кој направивме уникатен производ на изнајмување возила со осцијален депозит од П2П гаранција на други корисници. Овој модел на крајот на овој месец ќе биде промовиран на 21 ноември во Минхен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Singular

Team Lead

Data Masters

Data Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk