Интервју со Challenger – како Стартап Викенд Скопје беше местото каде се роди оваа идеја!

во feature, ИТ.МК

На минатогодишното издание на Startup Weekend Skopje, се разви идејата за поттикнување на подобро општество од група млади луѓе кои неисцрпно работеа во текот на викендот. Тие креираа решение со кое се охрабрува пешачењето и возењето велосипед, каде секој изминат километар е награден. Со што успеаа да земат 1 награда од Balkan Green Foundаtion и беа финалисти во Social Impact Award и European Youth Award. Во моментот се работи на апликацијата и нејзиното лансирање, и сме нестрпливи да дознаеме повеќе, затоа најдовме малку време да подискутираме со Oлга Рајчиќ и Теодора Чижбаноска за нивната работа, цели и мисија.

Да ве вратиме малку на самиот почеток, како дојдовте до идејата за Challenger? Што ви беше главен предизвик кој сакавте да го решите за време на Startup Weekend Skopje 2018? Кои беа првите чекори кои ги направивте?

Најчесто, за да се дојде до некоја идеја, потребно е некој добар “trigger”, нешто да те инспирира, изнервира или слично Нашиот тригер е аерозагадувањето. Овој проблем ние го прифативме како наш предизвик.
За време на Startup викендот, баравме начин како да ги мотивираме и предизвикаме луѓето да превземат активности кои ќе придонесат за намалување на аерозагадувањето и сообраќајниот метеж во нивните локални заедници. Воедно сфативме дека за да создадеме успешно решение мора да вклучува што  повеќе заинтересирани групи. Токму така замисливме Challenger да стане градител на заедница која носи промени, односно активни граѓани кои се подржани од локални бизнис. Главниот предизвик на настанот беше како да ја направиме оваа идеја одржлива, односно да дојдеме до некој бизнис модел.

За време на настанот, тимот работеше многу посветено.Што ви беше во главен фокус?  Што најмногу ви помогна при дефинирање на решението?

Главен фокус ни беше да креираме бизнис модел кој би ја направил првичната презентирана идеја одржлива. На почетокот имавме милиони идеи, brainstorming сесии, секој со својата креативна страна и желба, и сфативме дека едноставно така го губиме фокусот. Затоа решивме да се сконцентираме на основните функционалности на нашиот производ и да најдеме креативен начин истите да ги претставиме. Благодарение на дел од менторите заклучивме дека најважно е да собереме што повеќе одговори од потенцијални корисници и клиенти, со цел да ја покажеме валидноста на идејата на финалната презентација. Последните 24 часа беше само execute, execute, execute mode

На Startup Weekend Skopje 2018, oсвоивте трето место. Какво беше искуството на настанот? Какви новитети добивте од учеството на настанот?

Беше напорно забавен викенд, кој ни обезбеди едно незаборавно искуство, бидејќи тие 58 часа ги гледаме како почеток на нашата приказна како тим. Кога некој ќе не праша како започна Challenger, нашата омилена приказна е оваа: Млади ентузијасти решиле да се пријават на Startup Weekend Skopje 2018 со една иста цел да направат бизнис модел и производ кој ќе донесе промени во општеството, и веројатно таа мисија е тоа што не спои нас како тим помеѓу 80 луѓе. Лично научивме како да работиме со луѓе што првпат ги среќаваме и да најдеме начин да ги комплементираме нашите вештини. Нас ни беше предизвик за 58 часа да создадеме приказна која ќе ги убеди останатите да ни се приклучат. За среќа успеавме во тоа, но се разбира сега не очекува уште поголем предизвик а тоа е да ги мотивираме нашите сограѓани, бизниси, организации и институции дека Challenger може да направи промени.

По завршување на настанот, вие продолживте со работа на Challenger, бевте финалисти на неколку настани и освоивте 1 место на Balkan Green Foundation. Продолжувањето со активна работа е вистински предизвик, можете да ни кажете како функционираше тимот за време на сите активности? Која ви е мисијата според која се водите? Која е крајната цел на Challenger?

Кога ќе се свртиме наназад сфаќаме дека работиме заедно веќе година дена, и тоа ни се чини нереално, бидејќи времето лета како вчера да бевме во CeedHub. Еуфоријата која ја добивме од Startup Weekend е тоа што не мотивираше да продолжиме првите месеци. Потоа дојдоа вистинските предизвици, кој од нас ќе продолжи да работи, како да го оформиме производот, да решиме во кој правец ќе продолжиме…. Многу браинсторминг сесии, дискусии,консултации… Процесот беше далеку од лесен, бидејќи сите сме full-time вработени и го градиме Challeger после работа во локалните кафулиња. Едно е факт сите сме заљубени во Challenger, едноставно сонуваме да успее. Веројатно тој жар кај сите е тоа што не натера да аплицираме на различни натпревари каде што добивме и признанија. Кога освоивме 1во место на Balkan Green Foundation во конкуренција со регионални бизнис идеи, ни беше најголемото признание на нашата работа и тоа не мотивираше да продолжиме. Нашата мисија е да ги охрабруваме луѓето да создаваат навики кои носат зелени и позитивни промени во своите локални заедници. Нашата цел е да направиме Challenger да биде Балканска апликација која носи промени во сите градови.

Што можеме да очекуваме од Challenger во иднина? Дали наскоро апликацијата ќе биде достапна за користење?

Работиме со полна пареа на Challenger. Веќе ја тестираме 8-та верзија во круг од 25 луѓе, а во подготовка е новата тест-верзија. Паралелно разговараме со партнер организации и контактираме локални бизниси. Нашиот план е да лансираме затворена бета-верзија овој Ноември. Сакаме да ги поканиме луѓето кои веруваат во Challenger да го остават својот мејл за да бидат првите кои ќе ја имаат апликацијата.

Вие сте тим од млади и амбициозни луѓе, па затоа би сакале да споделите совет за креативните и амбициозни млади кај нас.Што би им препорачале на годинешните учесници на Startup Weekend Skopje?

Ако си млад ентузијаст, независно дали имаш бизнис идеја или не, ама имаш супер енергија, желба да научиш и да запознаеш млади луѓе кои имаат страст тогаш обавезно пријави се!  Startup Weekend Skopje ќе те предизивика да излезеш од зоната на комфорот и да создадеш чуда за само 58 часа. За оние кои веќе се имаат пријавено ќе им препорачаме да соберат позитивна енергија бидејќи ве очекува еден од најдобрите викенди ever! Спремете се да ги покажете сите ваши вештини, одберете го тимот/бизнис идејата чија мисија ќе ве инспирира и уживајте во процесот на создавање бизнис за 2,5 дена :)))

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments