Стартапот SonarSource кој го подобрува кодот доби инвестиција од 412 милиони долари

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

SonarSource е стартап кој работи на технологија која на програмерите им помага да пишуваат почист и побезбеден код. Оваа недела компанијата успеа да собере дополнителни 412 милиони долари, од нови и постоечки инвеститори. Водечки инвеститори во оваа рунда беа Advent International и General Catalyst. По последната инвестициона рунда вредноста на стартапот е проценета на 4,7 милијарди долари.

Алатките развиени од стартапот ги користат над 5 милиони програмери. Технологијата е со отворен код и може да се користи бесплатно, иако има и премиум верзија. Најголема предност на технологијата што автоматизирано овозможува пишување на стандардизиран код, во кој потоа другите програмери полесно се снаоѓаат. Ова важи уште повеќе ако станува збор за програмери кои работат во иста компанија.

Покрај стандардизацијата алатките помагаат и за пишување код без багови и безбедносни пропусти. Во време кога брзината со која се издаваат решенијата е во преден план, квалитетот на код е намален. Поради ова компаниите се заинтересирани за секоја алатка која може да го подобри квалитетот.

Одржувањето на кодот е актуелен проблем, и покрај притисокот за побрзо издавање на нов софтвер, тука е проблемот со поголемиот обем на код кој треба да се одржува. Анкетата која ја пренесе TechCrunch вели дека 51 отсто од девелоперите велат дека денес имаат 100 пати поголем обем на код од пред 10 години. Друга неповрзана анализа покажува дека дел од организациите знаат дека кодот кој го издаваат доаѓа со безбедносни пропусти, но во трката со рокови често жртва е безбедноста.

„Организациите во сите индустрии веќе одамна разбраа дека софтверот е клучен за нивниот бизнис. Од неодамна, започнаа да сфаќаат и препознаваат дека изворниот код е клучната компонента на нивниот софтвер – изворниот код диктира како софтверот ќе се однесува и функционира – и како таков мора да се одржува.

SonarSource им овозможува на компаниите да го подобрат квалитетот на својот изворен код“, вели извршниот директор на SonarSource, Оливие Годин.

Алатките на SonarSource можат да анализираат код напишан во Python, Java, C#, JavaScript, PHP…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments