Трансформирајте текст во слика со Text to Image

Text to Image е екстензија која е корисна секојпат кога сакате да споделите текст во форма на слика. Ова е важно, на пример, во ситуации кога сакате да споделите подолг текст преку социјални мрежи кои не дозволуваат многу текст, како Twitter. Во оваа ситуација, текстот кој сакате да го споделите, го споделувате во форма на слика. Дополнително, текстот е автоматски вметнат во рамка и на позадина од различни бои, со што добивате поени и во поглед на начинот на пласирање на текстот.

Како екстензија за прелистувачот Chrome, Text to image автоматски се интегрира и секојпат кога сакате да префрлите текст во слика, го селектирате текстот и, преку десен клик на селектираниот текст, избирате text to image, па copy to image. Потоа, десен клик во полето за споделување и paste за да се префрли сликата.

За оние кои ја ценат ефикасноста на кратенките, Ctrl + Shift + Z на селектираниот текст автоматски генерира слика, додека ctrl + v ја префрлува. Селектираниот текст можете и автоматски да го преземете како слика со следнава кратенка: Ctrl + Shift + Стрелката за надолу.

Како што напоменавме, одредени работи можете да ги менувате, односно форматирате за да добиете малку поразличен финален производ. До опциите за тоа, доаѓате со кликнување на соодветната икона од горниот десен агол на самиот прелистувач. Иконата се појавува по инсталирање на екстензијата.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments