Игри кои ќе излезат во мај

Месецот мај е веднаш зад аголот, а она што крие се бројни долго-очекувани игри кои припаѓаат на најразлични жанрови.

Како прва игра која се наметнува на радарот на многу гејмери е Achilles: Legends Untold – RPG игра која, барем од она што го видовме, успешно комбинира елементи од Diablo и Dark Souls. Екслузивно за Epic Store, пак, се прикрадува интересна ко-оп и мултиплеер акција инспирирана од Evil Dead, со екслузивни можности да заиграте како Аш, Скоти, Артур, Кели и многу други!

Во случај да сте по зомби игри со интересни survival елементи, тогаш дефинитивно проверете ја Deadcraft кога ќе излезе на 19 мај. Се работи за акциона игра која имлементира невобичаени елементи за справување со немртвите. Но, и вампирите се борат за нивната сенка под сонцето, особено кога ќе се земе во предвид најновиот хит на Nacon – Vampire: The Masquerade – Swansong.

Крајот на месецот се чини резервиран за петата игра од Sniper Elite серијалот и сите оние кои се по впечатливи заседи, прикрадување и куршуми во slow-motion има на што да се радуваат од 26 мај. Дополнително, играта инстантно ќе биде достапна на Game Pass претплатниците.

Сите игри што ќе излезат во мај:

  • Wildcat Gun Machine [PC, PS4, XBO, Switch] – 4 мај
  • Best Month Ever [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 5 мај
  • Trek to Yomi [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 5 мај
  • Warhammer 40,000: Chaos Gate – Daemonhunters [PC] – 5 мај
  • Crowns and Pawns: Kingdom of Deceit [PC] – 6 мај
  • Songs of Conquest [PC] – 10 мај
  • Brigandine [PC] – 11 мај
  • Source of Madness [PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 11 мај
  • Achilles: Legends Untold [PC] – 12 мај
  • Cantata [PC] – 12 мај
  • The Centennial Case: A Shijima Story [PC, PS5, PS4, Switch] – 12 мај
  • Flippin Kaktus [PC] – 12 мај
  • Evil Dead: The Game [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 13 мај
  • Endzone – A World Apart: Distant Places DLC [PC] – 17 мај
  • Gloomhaven: Jaws of the Lion DLC [PC] – 17 мај
  • Deadcraft [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 19 мај
  • Deliver Us The Moon [PS5, XSX] – 19 мај
  • Endzone – A World Apart: Survivor Edition [PS5, XSX] – 19 мај
  • Vampire: The Masquerade – Swansong [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 19 мај
  • Cotton Fantasy [PS4, Switch] – 20 мај
  • MX vs ATV Legends [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 24 мај
  • My Time at Sandrock [PC] – 26 мај
  • Sniper Elite 5 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 26 мај
  • Arcade Spirits: The New Challengers [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 27 мај
  • Kao the Kangaroo [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 27 мај
  • Microsoft Flight Simulator: Top Gun Maverick DLC [PC, XSX] – 27 мај
  • Moo Lander [PC, PS4, XBO] – 27 мај
  • Pac-Man Museum+ [PC, PS4, XBO, Switch] – 27 мај
  • Insomnis Enhanced Edition [PS5] – 31 мај
  • The Last Taxi [PC VR] – 31 мај
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk