Стартапот Pi кој работи на бежично полнење, победи на Startup Battlefield на Disrupt SF

во Вести

Image courtesy of Pi Charger

Безжичното полнење не е новост, и веќе повеќе производители се обидоа да го имплементираат во своите телефони. За жал, ниту еден од досега во целост не ги исполнува очекувањата. Иако уредите се бежични сепак мора да стојат на подлога, која истовремено може да полни само еден уред.

Pi Charging e стартап кој излегува од MIT, и има технологија која може да го промени ова. Уредот кој го презентираа го импресионираше жирито на Disrupt SF кое им ја додели главната награда.

Стартапот Pi се обидува да го промени ова начинот на кој што функционира постоечкото и да овозможи вистинско безжично полнење. Безжичното полнење со Pi овозможува истовремено полнење на повеќе уреди. Телефоните и таблет компјутерите можат  да стојат под било која агол. Благодарените на специјалната навлака за телефонот, со Pi може да се полнат и телефони кои не доаѓаат со ова можност.

Стартапот работи и на прилагодување на Pi Charger со Qi полнењето. Ова ќе овозможи телефоните кои доаѓаат со оваа технологија да можат да се полнат без никаква дополнителна опрема.

Полначот работи на растојание од 30 сантиметри, иако поголема верзија може да го зголеми ова растојание. На растојаните од 30 сантиметри брзината на полнење на уредите безжично е споредлива со полнење од кабел.

Цената на уредот ќе биде околу 200 долари, но засега нема податок за датата на која ќе започне продажбата на Pi Charger.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments