0 коментари 1 мин. читање

Дроновите ја најавуваат иднината на медицината во Швајцарија

Следниот месец болниците во Швајцарија ќе започнат да користат дронови за своите потреби. Станува збор за автономна мрежа за достава дизајнирана од Matternet.

Платформата во Швајцарија започнува да се користи веќе следниот месец. Можеби најголем атрибут е едноставноста за користење. Корисникот не треба да знае како функционира системот, па дури ниту како да го прикачи пакетот. Системот функционира потполно автономно.

https://www.youtube.com/watch?v=dD1yyWuULCs

Испораките ќе бидат овозможени од Matternet станиците, своевидни платформи за слетување на дронови кои се замена за поштенските сандачиња. Станицата на горниот дел е „аеродром“ за слетување, а внатре има механизам во кој може да се остават пратките. По слетувањето на дронот, пратката се закачува и е подготвена за испорака.

Ако на некоја локација итно е потребен транспорт на крв или анализа на патогени, наместо овој транспорт да се прави со возило, па да се вози по улици, испораката се прави со дрон. Ова ќе овозможи не само избегнување на гужвата, туку и покус пат летајќи по најбрзата траса.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top