0 коментари 2 мин. читање 26 март, 2012

Стартапот на Џесика Алба собра инвестиција од 27 милиони долари

Honest.com, сајтот за бебешки продукти основан од 30-годишната актерка Џесика Алба во јануари 2012-та година, успеа да собере почетни 27 милиони долари за понатамошен развој и освојување на пазарот. Парите доаѓаат од инвеститори кои имаат портфолио со други успешни онлајн продавници како ShoeDazzle на Ким Кардашиан, сервисот за групно купување LivingSocial, Zynga, Twitter…

„Неверојатната позитивна реакција што ја добивме од стартувањето на сервисот ни покажа дека треба да продолжиме да посветуваме време и ресурси за понатамошен развој на Honest брендот и заедницата. Инвестицијата ни потврдува дека на пазарот му треба бренд и сервис кој ќе достави чисти, здрави продукти кои се убави, ефективни и шармантни.“, вели Џесика Алба.

Honest.com за месечна претплата им нуди на родителите да си направат пакет од пелени и други неопходни продукти за растење на бебињата кој ќе им биде испорачан на врата. Покрај бебешките продукти, сајтот работи и со продукти за чистење на домот кои се изработени со природни состојки.

[youtube]rJBaP1FA0cU[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top