GTX 680 е најмоќната графичка картичка во светот, вели Nvidia

На годинешнива Game Developers Conference креаторите на Gears of War, Epic Games повторно ги презентира можностите на Unreal Engine 3 претставувајќи го демото од Samaritan кое беше рендерирано во реално време. Резултатите се воодушевувачи од графичка гледна точка, но уште позбудливо е што овогодинешново демо беше рендерирано од една единствена графичка картичка, наместо од три Nvidia GTX 580 графички картички како што беше презентирано во минатото.

Неверојатната картичка што го рендерира Samaritan е новата Nvidia GTX 680 која ја заврши истата работа како трите претходници со речиси трипати помала потрошувачка на енергија и четирипати помало загревање. Покрај ова GTX 680 троши 195 вати при полно оптоварување што е речиси 50 вати помалку од HD 7970.

[youtube]UONbgHju9xA[/youtube]

Една од техничките новости кои ги носи оваа графичка карта е Turbo Boost. Секоја од таканаречените „Kepler“ картичките ќе има две фрекфенции: основната и GPU-boost. Картичките ќе можат да префрлат во boost режим на работа на 100ms што би значело дека режимот на работа можат да го сменат во неколку фрејмови. Ова автономно оверклокување на картичката сепак не значи дека е дојден крајот на оверклокувањето за Nvidia графичките карти. Во апликацијата за оверклокување потрошувачката на GTX 680 може да се зголеми на 260 W, а ова не го исклучува GPU-boost режимот на работа. Дополнителна опција е сетирање на посакувана фрекфенција на фрејмови, при што нема можност за автоматско оверклокување за достигнување на посакуваната цел.

Втората новост е подобрување на Anit-aliasing со примена на TXAA чија основна 1х примена е подобра од 8x а понекогаш и од 16х MSAA, сепак за ова ќе мора да почекаме до неговата примена во Unreal Engine 4, a TXAA e најавен и во EVE Online Borderlands 2.

Во споредба со два месеци старата HD 7970, GTX 680 е побрза, но со искучоци бидејќи HD7970 се покажува како малку подобра на 2560 х 1600 резолуција. И покрај новата архитектура, ATI Crossfire сè уште е подобар од SLI на Nvidia, па ако навистина сакате да потрошите пари на повеќе графички карти ова е нешто кое морате да го имате во предвид.

Лошата вест покрај цената е дека и покрај 492 евра (во САД картичката чини 499 долари) за оверклокување на GTX ќе ви треба кулер со водено ладење.

[youtube]4SfPLhTgRPQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk