Во периодот од 19ти до 21ви октомври се одржа 7-то издание на Стартап Викенд во просториите на CEED HUB, каде над 50 млади и креативни луѓе земаа учество и работеа на развивање на идеите во реален бизнис. Настанот имаше за цел да ги инспирира младите да го направат првиот чекор кон остварување на своите идеи и нивно претворање во реален бизнис.
На годинешниот Стартап Викенд учествуваа над 50 учесници кои ги презентираа своите идеи и потоа во формирани тимови ги развиваа во текот на викендот. Нивните идеи беа поддржани од 21 ментор кои согласно со нивната експертиза им дадоа практични совети и насоки на тимовите за развивање на нивните идеи.
Почетокот на Стартап Викенд започна со официјално презентирање на концептот на настанот и неговата мисија и визија, претставени од интернационалниот фасилитатор Daniel Kyne. Потоа следеа 1- минутни презентации од сите учесници кои имаа идеи, а последователно следеше и гласање на презентираните идеи од страна на сите присутни. Од вкупно 15 презентирани идеи, 10 освоија доволно гласови за да продолжат да се развиваат во текот на викендот. Околу секоја идеја се формираше тим со различни вештини за да може целосно да биде развиена идејата.
Во саботата тимовите уште од рано утрото го почнаа денот работно. Пред менторските сесии веќе беа креирани прототипи од неколку тимови. Менторските сесии беа закажани на пладне и сите ментори беа поделени во менторски тимови и имаа време да поминат со 2 часа со 5 томови. Сите тимови добија практични совети како да го подобрат своето решение, некои дури остварија соработка со компаниите на менторите како први корисници на нивното решение.
Последниот ден беше финалето на Стартап Викенд и сите тимови ги подготвуваа своите 5-минутни презентации. Адреналинот растеше, паника и возбуда беше комбинацијата на емоции кои го исполнија просторот. Пред официјалното затворање на работата и отворање на финалните презентации, тимовите имаа можност да направат пробно презентирање на своите идеи пред фасилитаторот Daniel Куne, организаторот Иван Зографски и еден од судиите Frank Milani. Тие им дадоа последни насоки на тимовите кон што треба да се фокусираат повеќе и како подобро да го претстават своето решение. Попладнето започнаа презентациите на тимовите, секој тим презентираше пред шест-членото жири. Откако сите тимови презентираа, краток говор одржа Frank Milani, кој укажа на мотивацијата и целата позитивна енергија која циркулираше за време на викендот и придонесе секој тим да идентификува можност и да претстави решение за истата можност.
Судиите според дефинираните критериуми ги избраа победниците на овој Стартап Викенд:
- Tретото место го освои тимот “Challenger” и нивната платформа за социјално претприемништво која има за цел да ја поттикне општествената и социјалната одговорност кај индивидуалците и компаниите.
- Второто место го освои тимот “Akva Gradina” и нивното широко достапно решение за одгледување на органски растенија.
- Првото место го освои тимот “Anita.Ai” и нивното решение за поедноставување на концептот на вештачка интелигенција.
Настанот беше на волонтерска основа, од страна на организаторите од тимот на Солвео и самите волонтери. Нивната цел беше да се создаде можност за амбициозните и креативни луѓе да дојдат и да ги споделат своите идеи и да го направат првиот чекор кон нивно остварување. Потребно е да се даде вистинска шанса за креирање на нови решенија кои ќе го унапредат нашето општество.
Благодарение на спонзорите: CEED HUB, Solveo, Sparkasse Bank, Code Academy, Best Way Investment, Backyard, La delicious, Пивара Скопје, LADNA, Swiss Contact, UNDP, Brainster, Фонд за иновации и технолошки развој, Swiss Agency for Development and Cooperation SDC, Семос Едукација, МК Host, Boulevard Bar&Kitchen, Markt, Nescafe, Kaнтина, Виталиа, Twins Sandwiches, настанот беше беспрекорно покриен од сите аспекти.
Со овој Стартап Викенд уште еднаш се покажа дека младите кај нас не само што можат, туку и умеат да направат нешто кое ќе придонесе за позитивен ефект во целото општество.
[…] октомври 2018 се одржа седмото издание на Startup Weekend во Македонија, каде над 50 млади […]