Стартап претстави био-органска батерија за мобилен која се полни за 30 секунди

Израелскиот стартапStoreDot презентираше батерија која се полни 30 секунди. Презентацијата на батеријата е во склоп на Think Next конференцијата на Microsoft.

Стартапот демонстрираше полнење на батерија на Samsung Galaxy S4 од потполно празна до полна, за само 26 секунди, јавува BBC. Засега предизвик пред развојниот тим е намалување на батеријата, со оглед на тоа дека во моментов нејзините димензии се колку кутија за цигари, што никако не е применливо кај паметните телефони кои се со се помали димензии. Тимот се надева дека батеријата ќе може да се користи со паметните телефони за една годинаа, а се очекува да излезе од прототип фазата и да биде подготвена за комерцијална употреба за три години.

Брзината на полнење е овозможена од новите био-органски материјал кој користат минијатурни нано кристали кои самите се реоганизираат. Освен во производството на батерии, материјалот може да се употреби и за мемориски чипови кои ќе бидат дури трипати побзи од сегашната флеш-меморија. Вака креираните батерии за жал ќе бидат и за 30 до 40 отсто поскапи.

[youtube]9DhJZAhjbcI[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk