0 коментари 2 мин. читање 9 април, 2014

Хрватскиот Stikee Store отвара онлајн продавница за налепници

Налепниците се мртви, нели? Со ова не се согласува хрватскиот стартап Stikee Store кој отвара оналјн продавница со налапници во очи на Светското фудбалско првенство, кое можеби и ќе го искористат како дополнителна реклама. Stikee е дело на Срѓан Гибаница и Марко Јурина, кои сметаат дека има доволен простор на пазарот за налепница.

Stikee ќе нуди најразлични налепници од: познати брендови, култура, фудбалски репрезентации и клубови, мемиња, различни настани, концерти, фестивали или јавни личности. Stikee ќе запчне соработка со сите заинтересирани брендови, а овие во замена ќе добиваат удел од продажбата на нивните налепници. Стартапот најави дека ќе продава и налепници кои може да се залепат на кожа, односно лице.

„Луѓето сакаат да се поистоветат со брендовите и постои некоја емотивна поврзаност. Сакаат потсетник на некој настан на кој биле и одлично си поминале. Некои брендови своте налепници ги продваат во милиони“, велат основачите на Stikee за Netokracija.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top