Сосема е во ред доколку првпат слушате за Winter Survival. Survival играта на DRAGO entertainment тивко влезе во раниот пристап во март 2024 година и, по првото, релативно кратко поглавје, скромно работеше на бројни исправки, чекајќи ја најдобрата прилика за директен напад. Се чини дека таквото нешто е поблиску отколку што би можеле да очекуваме – Winter Survival: Act II ќе ви дозволи да ја продолжите приказната од првото поглавје и да видите во кој правец се развива заплетот.
Што се направи за Winter Survival во меѓувреме?
Периодот од неколку месец беше искористен од развојното студио за исправки на скоро 2000 багови, промена/ надградба на над 30 механики, како и водедување десетици споредни квестови. И покрај ова, фановите на играта трпелио чекаа да ги продолжат авантурите од првото поглавје. Целта во Act II е да пробате да го најдете пристаништето. Авторите ветуваат дека поглавјето ќе ве втурне во неколку ситуации чии резултати ќе бидат директно врзани со вашите одлуки. Битка не е повеќе само против бруталните природни сили, туку и за подобро сочувување на вашиот разум.

Покрај продолжување на приказната, Winter Survival се одликува и со целосно нов режим на играње. Насловен како Cold Wave, модот ќе ве соочи со предизвикувачки услови и константната потреба за стратешко планирање и правилно справување со исклучително ниските температури. Почетокот во Cold Wave е исклучително тежок и предизвикувачки, но, како напрадувате, секој нареден ран станува полесен, Благодарение на уникатен систем со награди, ќе добивате посоодветна опрема за полесно и покреативно справување со предизвиците кои се пред вас. кои се замислени да ве охрабрат со подобра опрема.
Преживување во суров, отворен свет
Наспроти само 57% позитивни рецензии, Winter Survival се чини солидна survival игра која, потсетуваме, и понатаму е во раниот пристап на Steam. Развојното студио се чини посветено во целосното реализирање на нивната мисија и ќе бидете релативно задоволни доколку сакате интересен, но експериментален коктел со:
- Динамични битки
- Справување со потреби како глад, жед, студ
- Впечативна репрезентација на психолошки тегоби
- Прикрадување
- Градење база
- Интеракции во шуми, на планини и покрај смрзнати езера

Повеќе детали за играта
- Произведува: DRAGO entertainment
- Издава: DRAGO entertainment
- Жанр: survival
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 6 март 2024