3 коментари 2 мин. читање 23 април, 2013

Start копчето ќе се врати во Windows 8.1, ќе му се приклучи и новиот Boot to Desktop

Microsoft ќе се врати на традицијата и повторно ќе го имплементира Start копчето во својот нов Windows 8. Новата верзија на „осмицата“ – 8.1 ќе врати еден од знаците на препознавање на Windows, велат изворите на The Verge. Копчето ќе изгледа како Windows логото и со негово притискање корисниците повторно ќе може да одбираат aпликации од Start менито. Тежината на привикнување кон новиот двоен интерфејс (десктоп и Metro) на Windows 8 е оценета како една од причините за бавното префрлање пред се на компаниите кои го користат оперативниот систем.

Со Windows Blue компанијата ќе овозможи и нова опција Boot to Desktop за корисниците кои не се воодушевени од изгледот на Metro интерфејс, за да се почуствуваат како да користат претходна верзии на оперативниот систем на која што се навикнати. Вградувањето на овие две можности во следната верзија на Windows 8 нема да биде изненадување со оглед на тоа дека токму овие две опции се на врвот на листата на барања на корисниците, вели ZDNet.

Сепак во досегашните варијанти на Blue овие две опции не се додадени, а до конечата верзија планирана за август се очекува да бидат вметнати, иако е можно и Microsoft да се премисли и да ги остави за некоја идна надградба.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Mitriban
Mitriban
13 years ago

Zamisli ke instaliram na kompjuterite 8-ca. Mislev ke mora da cekam 9-ka.

Asd
Asd
13 years ago

Имало господ.

ДедоМраз
ДедоМраз
13 years ago

Без старт копчето се навикна за еден час користење на осмицата бидејќи и преку метрото може да се пребарува, али Boot to Desktop би била добра работа.

Мени
Заедница
To top
{title}