Започнува седмото издание на CodeFu. CodeFu е натпревер во програмирање наменет за студенти, апсолвенти и постдипломци. Право на учество на натпреварот имаат сите македонски граѓани – студенти на универзитетите во Македонија, како и македонски граѓани кои студираат на универзитетите во светот. На главниот CodeFu натпревар му претходат две онлајн квалификациски рунди. Првата од нив ќе се одржи овој викенд (28-ми април), додека втората е закажана за 12-ти мај. Најдобрите 32-ца од двете квалификациски рунди ќе се натпреваруваат на главниот натпревар кој ќе се одржи во клубот Ентернет на 2-ри јуни.
За победниците во секоја од квалификациските рунди следува вредна награда – Google Nexus 7 таблет. Исто така, по еден таблет по случаен избор ќе се додели во секоја од квалификациските рунди на еден од натпреварувачите со освоени позитивен број на поени.
Главната наградата за тројцата најдобри на овогодинешното издание на CodeFu е посета на интернационалната конферанција Jazoon која се одржува во Цирих, Швајцарија. Трошоците (влезница, превоз, сместување) се комплетно покриени од страна на организаторот на натпреварот, Нетцетера.
Сите учесници во финалниот натпревар добиваат ранец и CodeFu маичка. Повеќе фотографии од минатогодишниот настан ќе најдете тука.









