0 коментари 2 мин. читање 29 јануари, 2016

Starry е прекрасен Wi-Fi рутер кој не мора да го криете

Денес ретко ќе најдете уреди кои треба да бидат единствено функционални. Сега е важно и како изгледаат. Ова пред сѐ важи за опремата како рутери, безбедносни камери, аларми и слично, но благодарение на неколку компании иднината навистина изгледа убаво дизајнирана.

Starry Station e нов рутер кој доаѓа со прекрасен дизајн, екран на допир и можност за автоматско поправање на проблемите со конекција. Ако постарите рутери ги криеме во домовите, што го намалува квалитетот на сигналот, со Starry Station ќе бидете горди да го поставите на некое видно место бидејќи овој рутер изгледа навистина добро. Најверојатно најголем квалитет на Starry Station е можноста за речиси автоматско поправање на сигналот. Доколку рутерот регистрира полош сигнал кај некој од уредите ќе предложи мерки за решавање и надминување на проблемот.

starrystation-web-04

Но, Starry нуди повеќе од рутер, станува збор за цела услуга и пренос на интернет преку нова технологија со која ветуваат широкопојасни брзини преку безжична технологија. Ова навистина звучи добро, но рутерот на иднината чини 350 долари, што покрај можностите сепак е премногу, имајќи предвид дека OnHub нa Google и ASUS чини 220 долари, а и за него критиките доаѓаат поради превисоката цена.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top