1 коментар 2 мин. читање 29 јануари, 2016

Koи се омилените апликации на тинејџерите, и зошто не го сакаат Facebook?

Анкета спороведена на 60 тинејџери покажува за дел од навиките кои ги има новата генерација во САД. Тинјџерите се на возраст од 13 до 19 години, а испитувањето е дело на Business Insider.

Tоа што е интересно е што првите лични уреди на тинејџерите се мобилните телефони. Првите телефони ги добиваат на 11 години, а потоа тие буквално се сврзуваат со нив како еден вид примитивен киборг. Тинејџерите на телефоните поминуваат шест часа дневно, а добар дел од времето поминуваат и пред останите екрани, иако 11 до 18 часа колку што вели анкетата се чини премногу. Можеби најголемо изненадување се телефоните кои ги користат тинејџерите, 80 отсто од нив велат дека користат iPhone 5S, iPhone 6 или Samsung Galaxy S5, кои се најверојатно најскапите телефони.

За тинејџерите омилената апликација е Snapchat бидејќи има можноста за испраќање на текст и слики. Анкетата покажува уште еден интересен, иако познат податок, дека возрасните ги избркаа тинејџерите од Facebook и нивните омилени социјални мрежа се Instagram и Twitter. Tинејџерите сепак користат Facebook, посебно апликацијата Facebook Messenger за комуникација, но воопшто не се заинтересирани за Google+.

Доколку телевизиите имаат проблем сега, доколку не се променат, можеби нема ниту да постојат. „Netflix е живот“, вели еден од испитаниците. Интересно е што кога ги прашаа тинејџерите да ги набројат омилените ѕвезди, тие во листата додадоа и популарни YouTube и Vine корисници. Исто така, новата генерација е подготвена за дигиталното време, па 39 отсто од купувањето го прават од продавници кои се единствено онлајн пораст од 3 отсто однос на шест месеци претходно.

Истражувањето подетално може да го разгледате на Business Insider.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top