1 коментар 2 мин. читање 20 август, 2015

OnHub е одлична идеја на Google за подобaр WiFi рутер

Google го претстави OnHub рутерот кој покрај дизајнот ќе ве одушеви и со едноставноста. Уредот има можност да ги поврзе паметните уреди и за разлика од другите рутери, OnHub нема никаква друга улога. За разлика од најголем дел од рутерите комуникацијата на рутерот на Google е преку Android или iOS апликација, која прикажува колку уреди се приклучени и која е брзината за секој од нив. Според Google најголема предност на рутерот е цилиндричниот дизајн кој заедно со 13-те антени кои се инсталирани во него, овозможува подобар интернет насекаде во домот.

Иако во моментов рутерот нема никаква друга улога, уредот има поддршка за Weave – јазикот кој Google го креира за уредите од интернет на нештата. Ова може во иднина да го направи рутерот центар од кој ќе се управуваат сите паметни уреди. OnHub започнува со продажба на крајот на август по цена од 200 долари. Уредот е изработен во партнерство со TP-Link, а според Wired компанијата соработува со Asus за изработка на уште еден рутер.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top