Starcraft: Remastered нѝ доаѓа летово!

По бројни гласини кои ги распалувавме и низ нашите неделни извештаи, Blizzard конечно реши да ги удостои фановите со потврда дека оригиналната Starcraft, заедно со проширувањето Brood War ќе се појават летово како надградена верзија, со поддршка за 4К резолуции, ново аудио, поддршка од апликацијата на Blizzard и многу повеќе.

StarCraft: Remastered ќе биде целосна графичка надградба на оригиналната игра и последователното проширување. Како таква, играта ќе се одликува со 4К резолуција и меѓу-секвенци во 1080p резолуција. Покрај високиот квалитет на аудиото, студиото ќе имплементира и нови воведи и подлоги помеѓу мисиите кои ќе бидат во форма на стрип. Гејмплот и воспоставениот баланс, меѓутоа, нема да доживеат апсолутно никакви промени и ќе бидат целосно префрлени во римастерот.

StarCraft: Remastered ќе си го најде местото и во апликацијата на Blizzard (претходно позната како battle.net) за да ужива во сите поволности како пронаоѓање мечови, чат, поддршка за листата од пријатели, стримови и зачувување на играта преку клауд системот.

На крајот на месецот март, Blizzard ќе исфрли нова закрпа за StarCraft: Brood War, со што не само што ќе ја надгради играта на верзија 1.18 туку и ќе ги овозможи класичните Starcraft игри (основната и проширувањето) да се бесплатни. Авторите вложија напори дополнително да објаснат дека тука не се работи за содржини кои се „бесплатни-за-играње“, односно со заклучување одредени елементи зад платежни ѕидови, туку сè е целосно и апсолутно бесплатно. Ваквата одлука се чини исклучително паметна, затоа што студиото се надева дека играчите кои бесплатно ќе уживаат во старите верзии ќе бидат доволно заинтригирани за да ги купат новите, графичко посупериорни верзии. Цената на римастерот не се знае, но новата верзија ќе биде компатибилна во поглед на мрежниот дел и, доколку се решите да ја купите, прогресот непречено ќе се префрли и ќе ви дозволи да продолжите од онаму каде што сте застанале со оригиналот.

Blizzard не се изјаснија дали планираат сличен третман и со нивните останати класични игри.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments