Temps e едноставна и паметна апликација за прогноза на времето

Сопствениците на најновиот оперативен систем на Microsoft имаат солидни можности за информирање за временските услови, особено кога се комбинираат потенцијалите на апликацијата Weather и помошничката Кортана. Но што доколку сакате сервирање на таквите информации да е во минималистичка, но сепак модерна форма и тоа за секоја десктоп направа? Како пренослива апликација, Temps се стреми да го направи токму тоа.

По преземање и покренување на апликацијата, Temps се вметнува во системската лента и се менува во зависност од моментната временска ситуација (сонце, облак, дожд, снег или слично). Двојно кликнување на иконата ја отвора апликацијата преку нов прозорец од кој, покрај моменталната временска состојба се нуди и временска прогноза за наредните четири дена. За испорачување на податоците, апликацијата користи код од неколку отворени проекти, како Electron, Menubar, Chart.js и OpenWeatherMap.

Откако ќе го посетите официјалниот сајт, кликнете на копчето Download, и, во зависност од вашата Windows верзија, изберете 32bit или 64bit. По преземањето, извршете едноставна екстракција, покренување на .exe фајлот и поставување на саканата локација. Самата апликација по првпат го има избрано градот на авторот, Берлин, но за да си изберете ваша локација кликнете на Мenu копчето, а потоа на стрелката под City. За користење на апликацијата, меѓутоа, потребно е да побарате бесплатен OpenWeatherMap API клуч, затоа што авторот на апликацијата не е во можност да плати за неограничен пристап до информациите за времето. Ова, ќе се сложите, е мала но лесно решлива непријатност.

Покрај Windows, апликацијата е достапна и за Mac и Linux.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
goran
goran
8 years ago

a da stavevte nekoj link za download, zosto namerno gi kriete